Николоски до Бугарија: Може колку сакате да не блокирате, за ЕУ ние сме Македонци и зборуваме македонски јазик, тоа го знае цела Европа

Јас ќе зборувам во врска со Извештајот од последните парламентарни избори во Бугарија. Генерално Извештајот е добар, тој ги потенцира недостатоците во изборите, како и злоупотребите и нелегалните активности, пред се би ги потенцирал, а би рекол ова се и долгорочни проблеми како обвинувањата за купување на гласови, заплашување на гласачите, кои што се преземани врз економско – социјално ранливи категории.

Извештајот исто така потенцира дека изборите се проследени со недоверба на граѓаните во политичките елити, и одржани по уличните протести, на кои се бараше предвремени избори и оставка на главниот јавен обвинител. Извештајот исто така нотира дека протестите се одвиваа помеѓу јули и октомври 2020 година, и довеле до оставки на пет министри, и дека тие биле обвинети со сомнежи за корупција, недостаток на владеење на правото и ерозија на демократијата.

Извештајот исто така вели дека голем број од претставниците и набљудувачите на Советот во предизборниот период предупредиле на корупцијата и независноста на судството, кое што е нотирано и во индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешенал за 2020 година, кој ја става Бугарија на последно место во ЕУ и 69 во светот. Во исто време целосниот извештај не е толку дециден, како што се зборовите користени тука, и јас мислам дека целиот извештај и генералните заклучоци треба да ги содржат овие работи воочени од страна на набљудувачите.

Една работа која што е исто така содржана е говорот на омраза и една работа која што ние ја забележуваме е дека откако почнаа протестите во Бугарија, говорот на омраза пораснал и секако втора работа се нападите против мојата држава, против Македонија и Македонците, затоа што Бугарија поради политички причини, и поради изборни причини го блокира отворањето на пристапните преговори и првата интервладина седница со Македонија во изминативе две години, како што кажав пред се од политички причини. И тие продолжуваат да го прават тоа, кршејќи основни човекови права на Македонците, како што е самоопределувањето, нашиот јазик, историја и наследство, и тие се на чекор да го направат тоа повторно утре на седницата Советот за општи работи на ЕУ каде најверојатно тие повторно ќе го блокираат отворањето на пристапните преговори. Јас имам само една работа да им порачам, а тоа е: – Ние знаеме кои сме, ние сме Македонци, ние знаеме кој јазик зборуваме, ние зборуваме македонски јазик, ние си ги знаеме нашето наследство и нашата историја, и независно од тоа каква и одлука да донесат утре, цела Европа знае кои сме и што сме, и тие ќе се соочат со срамот од последиците од одлуката која ја носат.

Ви благодарам многу.