Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи од денеска ќе престојува во тридневна службена посета на Цирих, Швајцарија.
Како што соопшти Кабинетот на Битиќи, за време на работната посета вицепремиерот ќе оствари средби со претставници од политичкиот и економскиот живот во земјата, при што ќе бидат презентирани можностите и предностите за инвестирање во Република Северна Македонија пред швајцарски компании и ќе бидат разменети искуства во однос на развојот на старт-ап еко-системот.