Актуелниот градоначалник на Прилеп, Илија Јованоски, ќе се кандидира за втор мандат на локалните избори наесен.
Како што изјави Јованоски, за кандидатурата ја побарал поддршката од неговата партија – СДСМ.
– Ја побарав поддршката од мојата партија и ако ја добијам, ја барам и поддршката на нашите сограѓани, од прилепчани за да се кандидрам за нов мандат за градоначалник на Прилеп, изјави Јованоски.
На новинарското прашање зошто ја бара поддршката, Јованоски смета дека досега е напоравено многу за градот и за прилепчани и бара можност да заврши започнато и да понуди нови проекти.
-Направивме многу капитални проекти, некои се недовршени и сакам тоа да го завршам. Во новата програма ќе има и многу нови проекти. На граѓаните им порачувам доколку се задоволни од мојата работа, да ми дадат поддршка, доколку не се, нека решат на кој друг кандидат би му ја дале поддршката. За опозицијата немам што да кажам, си имаат свој план, сметаат на тоа, а граѓаните се тие кои ќе кажат кому ја даваат поддршката, изјави Јованоски.