Владата на СДСМ и ДУИ повторно сака да прошверцува во Собрание исклучително штетен закон за Република Македонија, злоупотребувајќи го европското знаменце – што претставува кривично дело! Откако увиде дека Левица со сите сили ќе се бори да го спречи донесувањето на Законот за државјанство, Владата реши овој Закон да го предложи со европско знаменце и со тоа да спречи било каква дебата по овој лош закон!
Се поставува прашањето, како може овој закон за се поднесе со европско знаменце, кога тоа се прави само за закони кои што треба да ги донесе државата, со цел усогласување со европското законодавство. Со овој закон, не само што не се врши усогласување со европското законодавство – туку законот претставува кршење на истото, затоа што е во спротивност со
делот на Европската конвенција за државјанство, кој го уредува начинот на добивање државјанство во случаи на државна сукцесија со цел избегнување на бездржавјанството, како и начелото за недискриминација, предвидено во истата конвенција.
На државјаните на бившата СФРЈ досега два пати им беше дадена можност да се стекнат со државјанство на Република Македонија под особено олеснети услови, а компаративно ниту една република од соседството нема предвидено толку измени на законот за државјанство, заради задоволување на наменски случаи на државјани на СФРЈ. Со ваквите постапки, овие лица, се ставаат во повластена положба која апсолутно дискриминирана во однос на останатите лица кои аплицирале за добивање државјанство на Република Македонија.
По 30 години од независноста, да се бара државјанство по оваа основа е налудничаво, со оглед на тоа дека тие лица веќе стекнале ефективна врска со друга држава. Во конвенцијата за државјанство е наведен рок, не подолг од 10 години, како период на престој пред поднесување на барањето за стекнување на државјанство со природување. Оваа горна граница ја следат сите држави во ЕУ и сите циркулираат околу неа.
Сето тоа е бидејќи државјанството треба да биде израз на највисок степен на интегрирање на странецот во општеството. Тоа значи дека лицето треба претходно да се стекне со дозвола за постојан престој, па дури потоа да добие државјанство. Со скратувањето на периодот на добивање државјанство со природување на само 7 години, се симнува државјанството на ниво на институтот дозвола за постојан престој, која се добива по 5 години постојан престој на странец во Македонија.
Јасно е дека носењето на овој закон е договор помеѓу СДСМ и партиите на албанското малцинство, со цел да си обезбедат дополнителен број на гласачи. Неслучајно, секогаш кога СДСМ е на власт, во Македонија се делат “бесплатно” државјанства и тоа претежно само на една етничка заедница, со што се врши насилна промена на демографската структура на
населението во Македонија.
Политичка партија Левица