Шекеринска: Историски Самит на НАТО, покажавме дека можеме да придонесеме како сојузник еднаков со останатите

На овој историски самит доаѓаме како делегација на 30-та земја членка која што не чекаше што Алијансата ќе направи за неа, туку сакаше да покаже дека знае и да придонесе, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која заедно со премиерот Зоран Заев, денеска во седиштето на НАТО во Брисел учествува на Самитот на Алијансата.

– И на Криволак, и во Скопје, и на Балканот и тука во Брисел ја испраќаме пораката дека заедно сме посилни, дека и како мала земја покажавме дека може да вложуваме во регионалната и евроатлантската безбедност и дека решавајќи ги политичките проблеми и вложувајќи во својата и нашата заедничка безбедност можеме да придонесеме како сојузник, еднаков со останатите, рече Шекеринска во изјава пред почетокот на Самитот.

Ова е прв лидерски Самит на кој македонска делегација учествува како делегација на полноправна земја-членка на Алијансата.