Десет НАТО сојузници меѓу кои и Северна Македонија стартуваат нова ера во обуката на воени пилоти. Воспоставуваме мрежа на европски тренинг центри за пилоти на борбени авиони, хеликоптери и дронови, информираше денеска министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
Министерката на својот фејсбук профил напиша дека нашиот центар во Скопје ќе врши основна и напредна обука на пилоти на хеликоптер.
Како што посочи, министрите за одбрана на НАТО земјите во овој проект на Северна Македонија, Белгија, Турција, Црна Гора, Грција, Чешка, Унгарија, Италија, Романија и Шпанија, имаа симултано потпишување на Меморандумот за разбирање.