Вучиќ побара од Владата да им овозможи на граѓаните од Северна Македонија да се вакцинираат во Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, побарал од Владата да овозможи бесплатна вакцинација за сите граѓани на Северна Македонија, соопшти агенцијата Бета.

Како што наведува порталот Б 92 повикувајќи се на неговите информации, Вучиќ побарал граѓаните од Северна Македонија да примат вакцини по сопствен избор.

Тие во Србија ќе можат да добијат една од четирите вакцини од производителите „Фајзер-Бионтек“, „Синофарм“, „Астра Зенека“ и „Спутник В“.

Во средата, Вучиќ соопшти дека граѓаните на Босна и Херцеговина можат бесплатно да се вакцинираат на територијата на Србија и изјави дека Србија има доволно вакцини, повикувајќи ги граѓаните од регионот да се вакцинираат во Србија.

Вчера МИА достави официјално брање до српското Министерство за здрвство за начините на кои можат да се ревакцинираат околу 15.000 македонските државјани, кои ја примија вакцината „Астра Зенека“ во Србија, но до вечерва не доби одговор од надлежното Министерство.