Средба на претседателот на Собранието Џафери со амбасадорот Расули

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска ги прими новоименуваниот нерезидентен амбасадор на Иран во земјава, со седиште во Софија, Сејед Мохамад Џавад Расули и неговите соработници.

Како што соопшти собраниската прес-служба, двајцата соговорници се согласија во однос на важната улога на парламентарната дипломатија во развојот и динамиката на односите меѓу две држави, имајќи ја предвид улогата и позицијата што ја имаат законодавните институции.

На средбата стана збор и за можностите и начините на развој на соработката на парламентарно ниво.