Делегација од Вермонт во посета на МО и ГШ на Армијата

Високата делегација од сојузната држава на САД, Вермонт, што ја предводи заменик гувернерот Моли Греј и командантот на Националната гарда (НГ), генерал-мајор Грегори Најт, која престојува во тридневна официјална посета на Република Северна Македонија, денеска ги посети  Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана.

За време на посетата на Министерството и Генералштабот, делегацијата оствари средби со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, на која присуствуваше и амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз. Како што соопштија денеска од МО, генералот Најт имаше средба и со својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Заблагодарувајќи се за нивното присуство на денот на високи гости на вежбата „Одлучен удар 21“, министерката Радмила Шекеринска ја потенцира одличната одбранбена соработка и важноста на вежбата во контекст на актуелните случувања.

– Оваа вежба беше прв тест за нас по членството во НАТО и по пандемијата, кој го положивме успешно. Високо го цениме сето она што го направивте за нас во изминатите над две децении пријателство и сојузништво. Тоа создаде основа да градиме мостови и во други области како што е економијата, рече Шекеринска.

Таа нагласи дека соработката со Вермонт остави силен печат врз кариерите на многу војници и офицери на Армијата.

– Високата бројка на наши војници и офицери кои учествуваа во соработката со Вермонт претставува силна препорака на Армијата на Република Северна Македонија и во НАТО. Нивното воено образование во САД позитивно ја смени нашата Армија, истакнала Шекеринска, стои во соопштението од МО.

Заменик-гувернерката Моли Греј посочи дека вратата на Вермонт за обука и тренинзи на нашата Армија останува отворена и притоа се осврнала на потребата од поголемо вклучување на жени во безбедносниот сектор.

На средбата стана збор и за плановите за вклучување во меѓународни мировни мисии на нашата земја, како и за погодностите на „Криволак“ како армиски полигон со високо развиени капацитети за вежби и обука.

Генералите Ѓурчиновски и Најт, за време на средбата разговараа за успешноста на програмата на партнерство и соработка, која во голем дел е заслужна за достигнувањата на стандардите на НАТО од страна на нашите армиски припадници, а тоа придонесе и наше полноправно членство во НАТО.

Меѓу останатото генералите разговараа, се наведува во соопштението од МО, и за процесот на трансформација на Армијата на Република Северна Македонија, учествата во мировни мисии, обука и вежби како и за понатамошната планирана соработка.

Во текот на посетата од страна на генералот Најт на десет припадници од составот на Баталјонот на воена полиција им беа доделени значки за посебни заслуги кои се признание за покажаната висока професионалност во извршување на задачите за време на претходната посета на делегацијата на НГ на Вермонт на нашата држава.

Во периодот од 1995 година до денес со НГ на Вермонт реализирани се голем број активности преку кои припадници на Армијата се запознаваа со стандардите и обучуваа со тактиките и техниките на работење на Вооружените сили на САД, кои придонесоа во исполнувањето на потребните стандарди за полноправно членство во НАТО Алијансата.

Партнерската програма за соработка се реализира преку различни форми на обука, како што се: семинари, конференции, посети на воени бази, школски центри и институции во САД, изведување на заеднички вежби и друго.

 

One thought on “Делегација од Вермонт во посета на МО и ГШ на Армијата

  1. This was a very well-written article. The author’s perspective was fascinating and left me with much to consider. Let’s talk more about this. Feel free to check out my profile for more related reads.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *