На ден 21.05.2021 год. е основана нова политичка партија Движење за демократија права и слобода. (ДПС)
На основачкото собрание одржано во Битола за претседател на ДПС е избран долгогодишниот борец за човекови права и граѓански активист Един Јакуповиќ, кој во своето кратко обраќање изјави дека ја прифаќа одговорноста да го предводи ДПС со тим кој е составен од многу млади но и веќе докажани соработници и активисти кои долго време заедно со него ја водеа битката за демократија, права и слободи во општеството.
Во членството на ДПС има плејада на нови луѓе без претходен било каков политички багаж, лица кои се професионалци во своите области и кои заедно ќе се залагаат за вреднување на демократските принципи и начела.
Во текот на наредната недела ДПС ќе има и редовна седница на централниот одбор каде ќе се бираат претседателство и избор на други партиски раководства на ДПС.
Политичката партија ДПС е нова граѓанска опција во република Северна Македонија а дел од програмската рамка се следните цели:
● развој и просперитет на независна и суверена Република Северна Македонија.
● членство во ЕУ и други стратешки цели за Република Северна Македонија.
● градење на граѓанско, демократско, плуралистичко општество, во кое ќе сe почитуваат човековите права и ќе владее правото и правната држава.
● почитување на културата и специфичностите на граѓаните, нивните еднакви права и одговорности.
● почитување на верските слободи и правото на слободен избор на вероисповест.
● рамноправност меѓу половите и заедниците.
● Решавање на егзистенционалните потреби на граѓаните: вработување, здравствена заштита, образование, социјална заштита и слично.
● вградување на светските стандарди за лица со посебни потреби.
● еднаквост и правилен социјален поредок во сите општествени сфери.
● создавање општество на благосостојба како долгорочна цел.
● заштита на животната средина во согласност со меѓународните документи.
● градење на општество на слободни луѓе, пазарна економија и демократски институции без корупција.
● градење на пријателство и добрососедски односи со сите соседни држави.
● слобода на говорот и мислата.
● заштита на правата на медиумите.
● заштита од дискриминација на секаков тип на ранлива категорија на организации и граѓани.
● поддршка и соработка со НВО секторот.
Својата промоција ДПС ќе ја има во согласност со сите протоколи за безбедност и заштита од Ковид 19.
Движење за демократија, права и слобода
__________________________________________________