Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се сретна со министерот за Европа на СР Германија, Михаил Рот. На средбата присуствуваа и потпретседателите Александар Николоски и Владо Мисајлоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски.
Мицкоски, како што се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, го запозна Рот со политичката ситуација во земјата, но и недемократскиот однос на власта.
Мицкоски се заблагодари за поддршката која ја добиваме од СР Германија во евроинтеграциските процеси, при што нагласи дека ваквата соработка треба да се развива уште повеќе во иднина.
Во однос на претстојниот самит на ЕУ, Мицкоски кажа дека Македонија заслужува да добие датум за отпочнување на преговори, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.