Додека граѓаните собираат потписи за организирање референдум против дигитализација на учебниците, Царовска упорна во своите намери не се откажува од реформата која предвидува укинување на учебниците.
Учениците станаа заложници на бизнис интересите на Мила Царовска. Кога ќе каже Царовска реформа, мисли на профит и полнење на џебот од тие самопрогласени реформи. Исфрлање на учебници од образованието не е реформа, туку талибанизам.
Арогантната министерка Царовска го дефинира отпорот кон наметната реформа како огромна поддршка и со тоа продолжува да ги омаловажувa граѓаните.
Царовска јавно кажува дека дигитализацијата ќе биде тестирана на учениците од IV одделение без притоа да и одговори на јавноста колку пари ќе чини оваа реформа.
Во текот на своето владеење Царовска е убедливо еден од најнеуспешните министри во владата на СДСМ и време е да си поднесе оставка!