СДСМ: Обидите на ВМРО-ДПМНЕ за блокада нема да ги закочат реформите во образованието

ВМРО-ДПМНЕ повторно најавуваат нови обиди за референдум и блокада на реформите во образованието и дигитализација на наставниот процес откако им се случи фијаско со партиските протести и откако им пропадна нелегитимниот обид за собирање на потписи.

Правото за покренување иницијатива за референдум е легитимно и загарантирано со Уставот, но ова е уште еден апсурден обид за блокада на реформа која е исклучително значајна за целокупниот образовен процес.

Новиот Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали е во согласност со европските практики, но и времето и ерата на ИТ технологијата во која младите живеат.

Етапната дигитализација на наставниот процес која се воведува со ова законско решение ќе обезбеди поголема интерактивност, намалување на учењето во домашни услови, а воедно ќе се воведе и инклузивност, со оглед дека учебниците ќе бидат достапни и во аудио формат, но и на Брајово писмо за учениците со оштетен вид.

Истовремено, ниту еден ученик нема да остане без печатен учебник кој ќе може да го добие доколку има потреба од него.

Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години го урнисуваше образованието преку погубните политики, ги манипулираше наставниците и професорите, а резултатите на нашите ученици на меѓународни тестирања беа едни од најслабите.

Денес кога се воведува нов, модерен и европски концепт на настава, ВМРО-ДПМНЕ опструира, протестира со цел образовните реформи да не бидат донесени, на директна штета на наставниците, на учениците и нивните родители, на штета на образованието.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се уште не ја напуштаат деструктивната матрица, но треба да им стане јасно дека нема да успеат да ги блокираат реформите во образованието, нема да го блокираат напредокот на државата