Предлог реформите во образованието направени по диктат на Царовска претставуваат грубо уназадување на образовниот процес. Колку и да се обидуваат да ги наметнат реформите, сепак револтот кај најзасегнатите е уште поголем.
Царовска додека се поклонува пред сесловенските просветители треба да биде свесна дека тоа во најмала рака изгледа недостојно и лицемерно. Од една страна упорно го турка спроведувањето на наставна програма во која ќе се укинуваат содржини, а од друга страна тоа го нарекува напредок во образовниот процес.
Експертската фела реагира на ваквата содржина, особено во овој сензитивен момент во кој што се наоѓа Македонија од аспект на наметнување на промена на содржините во согласност со политичките договори. И оттука станува јасно дека не се работи за реформа во образованието туку за политички интереси.
Ваквите квази реформи се однапред осудени на пропаст. Наметнати и вештачки создадени реформи никогаш нема да дадат позитивен резултат.
Министерке Царовска, падот на оваа влада треба почне од вас! Најмалку што можете да направите после понижувањата е да поднесете оставка, веднаш!