Европската агенда на Северна Македонија и поддршката на Полска во таа насока, ќе биде во фокусот на разговорите на средбите на шефот на дипломатијата Бујар Османи при денешната посета на Варшава.
Османи, како што соопшти Министерството за надворешни работи, денеска патува за Полска каде што ќе се сретне со својот домаќин, министерот за надворешни работи, Збигњев Рау.
Во рамките на работната посета на Варшава, Османи ќе има одделнa средбa и со претседателот на Комисијата за надворешни и ЕУ работи во полскиот Сенат, Богдан Клих.
За време на средбите се очекува да се разговара и за билатералните односи, соработката во рамките на ОБСЕ, а посебен акцент ќе се стави на динамизирањето на економската соработка и трговската размена.