Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев реализира конкретни мерки и политики, кои обезбедуваат зачувување, унапредување и афирмација на македонскиот јазик како темел на македонскиот идентитет.
Токму Владата предводена од СДСМ, пред две години, 5 мај го прогласи за Ден на македонскиот јазик, во чест на 5 мај 1945 година кога е усвоена азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо.
Оваа година, токму на 5 мај беше промовиран и дигитален толковен речник на македонски јазик со над 100 илјади зборови.
Јазичното богатство во толковниот речник на македонскиот јазик е уште едно сведоштво за различноста и посебноста на македонскиот јазик во словенскиот свет и за неговата автентичност во светската листа јазици.
Донесен е и нов Закон за употреба на македонскиот јазик, кој опфаќа негова заштита, унапредување и збогатување.
Владата усвои мерки кои предвидуваат афирмирање на македонскиот јазик на странските универзитети, како и Фонд за поддршка за изработка на научни дела посветени на македонскиот јазик, со цел за негово уште поголемо унапредување.
Како одговорна партија продолжуваме со вистинска грижа за македонскиот јазик.