Владата ќе ја одржи 72-та седница

Владата денеска преку видеоконференциска интернет врска ќе ја одржи редовната 72-ра седница  на која, меѓу другото, ќе биде разгледана Информацијата за извршeни преговори за усогласување на Меморандумот за разбирање помеѓу амбасадата на Република Словачка во Република Северна Македонија и Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) за трансфер на знаења за дигитализација на јавната администрација во земјите на Западен Балкан, поднесена од МИОА.

Како што информираат од владината прес-служба, министрите на седницата ќе ја разгледуваат и Информацијата за потпишување на Заедничката декларација од страна на Република Северна Македонија за имплементација на Агендата за Западен Балкан за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт, изготвена од Министерството за образование и наука.