Владата денеска на 56. седница го назначи Лазар Еленовски за специјален пратеник за НАТО интеграции во Брисел.
На денешната владина седница беа отповикани неколку конзули на Република Македонија, Ричард Голдман, Џејсон Мико, Томас Танеф, Ендру Димитри Пејкоф, Лоу Влашо, како и Пуршотам Карамангала Џајарам.
Владата го именуваше Бујар Дарлишта за в.д. директор на Управата за водење на матични книги.