Оддадена почит за убиените бранители кај Вејце во 2001 година

Одборот на бранителите денеска одбележа 20 години од убиството на осумте припадници на безбедосните сили што се случи на 28 април 2001 година помеѓу селата Селце и Вејце на Шар Планина во месноста Брезовица. Беше оддадена почит со минута молк како и положување цвеќе пред плочата со имињата на загинатите полицајци и војници од претставници на Одборот, повеќе организации и здруженија, полицијата, Армијата и политички партии. 

-Не беше тоа обична трагедија овде загинаа елитни млади момчиња, спремни и самопожртвувани да го бранат и одбранат интегритетот и суверенитетот на нашата држава. Не отидоа сами во смрт туку државата ги испрати, таа побара а тие го дадоа својот живот. Затоа сме денес тука да се поклониме на местот на настанот пред оваа спомен плоча која не предупредува и не потсетува на настанот. Загинатите да не се заборават. Тоа е најмалку што можеме да сториме. Свесни дека ниту една цел не е толку возвишена да ги оправда нечесните средства ќе чекаме трпеливо и ќе се надеваме дека еден ден оние кои го извршија масакрот правдата ќе ги достигне, бидејќи правдата по некогаш е спора ама секогаш достижна, истакна Марин Најдов, претседател на Одборот на бранители.

На местото денеска беа поставени две плочи со имињата на загинатите бранители. Едната ја постави Одборот на бранители, а другата претставници на Македонскиот родољубив народ. Испратена беше порака дека е потребно да не се случува досегашната практика овие плочи да бидат оштетени.

-После 2001 Македонија не е иста.  Тенденцијата е да оди кон подобро. Се тежнее да се оставри од политичарите.  Се слагаме Македонија да биде општество за сите. Огорчен сум што ни се случува кога ги чествуваме нашите паднати бранители. Не бараме ништо, ние имаме само сочуство. Ништо повеќе, не водиме политика. Не сакаме да наштетиме некому. Многу пати да не кажам секогаш на местата каде што сме отишле да однесеме плоча за чествување на паднатите бранители, но секогаш биле уништувани. И тоа не е добро. Не служи никому. На овие простори има доста споменици направени од страна на УЧК. Никој не ги погледнал а камоли да наштети. Од оваа прилика и ова место сакам да го повикам потпретседателот на Владата да направи напори да оваа плоча остане на местото. Тоа да биде почеток, истакна Марин Најдов.

На 28 април 2001 беа убиени четворица припадници на воената единица „Волци“ и полицајци при ОВР Битола – Роберт Петковски (27) Игор Костески (26) Миле Јаневски (30) Бобан Трајковски (28)Марјан Божиновски (27)Илче Стојановски (24) Бошко Најдовски (25и Кире Костадиновски (24).

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *