Претседателот Пендаровски во дводневна работна посета на Брисел

Претседателот на државата Стево Пендаровски утре и задутре ќе престојува во работна посета на Брисел, каде е предвидено да оствари средби со челниците на Европската Унија и на НАТО.

Како што е најавено, утре претседателот Пендаровски ќе оствари средби со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, со претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, со потпретседателот на Европската Комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел, со комесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, со европратеникот и известител за Република Северна Македонија, Илхан Кјучук, како и со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и за други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

Од кабинетот на Пендаровски информираат дека в среда, шефот на државата ќе оствари средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.