Сиднеј – главниот град на австралиската држава Нови Јужни Велс е најголем град по површина во јужната атмосфера и најнаселен град во Австралија. Во оваа метропола живеат повеќе десетици илјади Македонци од сите делови на Македонија. Тие се дел од вистинското мултикултурно живеење на Австралија, каде ги уживаат сите човекови права и слободи.
.Така, меѓу другото, Македонците во Сиднеј имале и имаат информативни гласила, кои според делото “Македонскиот иселенички печат” на Славе Катин тие македонски гласила ги изразувале и ги изразуваат културните активности и животот во македонските етнички заедници, со цел да ги презентираат целокупните новинарски и општествено-политички активности на Македонците од сите делови на Македонија, кои „свиле ново гнездо“во Австралија.
Еден од од таквите информативни гласи на Македонците во Сиднеј беше весникот „Македонија (1969) – Сиднеј“. Првиот број на оваа гласило се појави во Сиднеј на 13 март 1969 година. Отпечатен е на 8 страници на среден формат (29×44 см), на македонски јазик со латиница. При употребата на македонскиот јазик со латинско писмо, се вметнувани буквите „ЅН“, „СН“, „ТЅ“ наместо „Ѕ“, „С“, „С“. Единствено само главата на весникот е со кирилица, како и неколку текстови во вториот број. На клишето со латиница стои дека главен и одговорен уредник, директор и печатар е Панајот Георговски.
Во воведот, пак, кој е поместен на првата страница, покрај другото, се вели: „Нашиот сонароднјик П. Георговски од пред извесно време дојде на идеја да почне да издава ваков весник. Тој има околу себе повеќе интелектуалци кои се готови да му помотнат (во реализацијата на неговите планови…
Весникот е независен и рекламно-информативен, а тоа значи дека нема да се врзува со било каква идеологија и политика. Весникот „Македонија“ ќе донесува вести и информации од животот во македонските заедници во Австралија – втората татковина, а во исто време и за стариот крај (Македонија), каде што во текот на двете десетлетија е направено повеќе отколку во многу столетија“.
Според делото “Македонскиот иселенички печат” на Славе Катин во овој број е поместена фотографија на Гоце Делчев, проследена со пригоден текст, потоа текстови за историјата на Македонија и македонскиот народ, за Македонската православна црква, за Григор Прличев, за св. Кирил Солунски, за иселеништвото во Австралија и Торонто, како и куси спортски информации.
Во вториот број од 19 март 1969 година, меѓу другото е објавена опширна статија под наслов: „Црквата — важен фактор во животот на македонските општини“, во која се изразува пошироката позиција и целите на македонските иселаници организирани во црковните општини. Исто така, се нагласува дека Австралија им ги призна човековите и национапните права на Македонците во Австралија и дека македонските општини во неа не се изолирани колонии, туку се мостови што поврзуваат. За одбележување е дека од 12 страници две се дадени со кирилица. Ваквата практика за печатење со кирилица продолжува и во наредните броеви. Така во шестиот број кој излезе на 16 април 1969 година, од вкупно 16 страници, 9 се со кирилица, а 7 со латиница.
Третиот број на веаникот „Македонија“ е отпечатен на 26 март 1969 година, на 10 страници, на формат 27 х 38 см. На првата страница е поместена воведна статија, во која, покрај другото, се вели дека весникот почна да се печати еднаш неделно, со цел да ги известува своите луѓе за вистината во минатото на својата нација и да ја слика сегашноста. Во продолжение се дадани информации од светот, од културата, филмот и занимливости од светот, чии куси текстови се проследени со фотографии.
Бројот 6 на весникот „Македонија“ од 16 април 1969 година е отпечатен на 16 страници, на ист формат како претходните броеви, на македонски јазик со латиница. На првата страница е поместен текст и фотографија од пристигнувањето на црковната делегација во чиј состав беа митрополите г. Методиј и г. Кирил. Во продолжение одреден простор е посветен на поезијата на Кочо Рацин, за св. Климент Охридски, за Јане Сандански, информации од светот и од спортот, придружени со бројни фототрафии, а се поместени и рекламно-пропатандни материјали.
Бројот 8 од 30 април 1969 година е отпечатен на ист форма како првиот број на 12 страници и е последен број од овој весник. Неговата глава (клише) се разликува од првиот број, со тоа што во левиот агол е поместена етничка кајрта на Македонија. Овој број на весникот „Македонија“ обилува со позајмени текстови од други весници што се печатат во Рапубликата, а кои се од културата, општественото живеење и поезијата.
Според делото “Македонскиот иселенички печат” на Славе Катин македонското информативното гласило „Нова Македонија“ (1969)- Сиднеј, исто така е едно од првите весници во Австралија. Тоа за првпат се појави на 19; април 1969 година како неделник, чиј издавач беше извесен Џек Лорд, а главен и одтоворан уредник е Драган Неделковски. Главата на весникот е на макадонски, со латиница и ги содржи основните податоци. Весникот се печати на македонски јазик (дијалекти) со латиница, на 8 страници, на формат 28 х 45 см. А се продава по цена од 15 центи. Весникот е неделник, исто како и весникот „Македонија“ и излезе по неговото престанување, што веројатно не е случајна коинциденција.
На првата страница е поместен текстот под наслов „Титовиот план за заштита на Југославија“ кој негаторски се однесува кон политиката на Тито и Југославија, а е дадена и фотографија на Тито. Во продолжение се дадени фотографии и кус текст за смртта на претседателот на САД Ајзенхауер, за културно – просветното друштво „Илинден“ од Рокдел, за политичките настани во Чехословачка, како и други информации за настаните и проблемите во светот. Една страница е посветена на свадбените обичаи во Мариово, проследени со бројни фотографии, потоа две страници се посветени на рекламно-пропагандни материјали на фирмата „Странд електроникс“, која е на иста адреса каде што и се печати ова гласило. Исто така, поместени се бројни огласи за работа, продажба, како и кусу текстови со хумор.
Во почетокот на мај 1969 година се јавува уште еден број. Во него нема многу од информативен и содржински карактер вредно за одбележување и претставува една епизода од негативен набој со недобронамерни тенденции во процесот на организираното собирање на македонските иселеници во Австралија, а тоа, што го споменуваме е резултат на настојувањата да ги регистрираме сите изданија во Австралија печатени на макеронски јазик.
Според делото “Македонскиот иселенички печат” на Славе Катин. во Сиднеј се појави и информативното гласило „Илинденски весник“ (1975—1980) – Сиднеј, со исклучителни македонски црти и вистини за македонскиот народ и Македонија.
„Илинденски весник“ беше гласило на Македонско-австралиското културно-уметкичко друштво „Илинден” од Рокдел, а започна да се печати во јули 1975 година, Првиот број излезе по повод илинденските празници. Тој е печатен на макадонски јазик со латиница и на англиски јазик, а само првата, односно насловот на весникот и неколку позајмени материјали се со кирилица. Првиот број од овој весник е печатен на 24 страници, голем формат 20 х 43 см, што го задржа и во наредните броеви.
Во воведникот на втората страница, покрај другото, се вели: „Како прилог на настојувањата и желбите на членовите на друштвото „Илинден“ да ги прибере младите и со заеднички сили да се негува она што е и најмило и најсветло: нашиот јазик, нашиот фолклор, нашите стари добри македонски обичаи, а и како прилог на прославувањето на Илинден, како еден мал обид да се оддолжиме на нашите великани кој живееја и паднаа за Македонија, се роди овој прв број на „Илинденски весник“ во Рокдел. Се очекува весникот да биде прифатен од доселениците како свое гласило и трибина. А тоа се покажа со бројните донатори што го помогнаа излегувањето на веоникот, особено помошта на колегите од Редакцијата на весникот „Ново доба“ кои со својата, техника помогнаа да се уреди првиот број“.
Првиот број на „Илинденски весник“, покрај другите текстови, го содржи материјалот под наслов „Гоце Делчев, идеологот на македонската револуција“, што е поместен на англиски јазик, потоа на по 2 страници се презентирани текстовите на македонски јазик под наслов „Живееја и паднаа за Македонија“ и „Така гинеа војводите — кој од куршум, кој од нож“. Во продолжение се поместени текстовите за св. Климентовата автокефална Македонска православна црква и за Илинден 1903—1944 година, а посебен простор е посветен на текстот што се однесува на друштвото „Илинден“, кое е формирано на 13 март 1974 година.
Вториот број од „Илинденски весник“ е отпечатен во октомври 1975 година, на голем формат, 29 х 43 см со латиница и на 24 страници. Посебно внимание е посветено на текстот за паднатите борци за Македонија, за историскиот развој на Австралија, што е даден во неколку продолженија, како и за прославите на илинденските празници во Сиднеј, за донаторите на весникот, за развојот на Македонија и Скопје и друго.
Бројот 3 од јануари 1976 година е посветен на новогодишните празнувања и е со најголем број страници (64 страници). Тој обилува со материјали од историјата, културата, стопанството, општествениот живот во Македонија и во Австралија, а се поместени и голем број рекламно-пропагандни материјали од фирми во Сиднеј и пошироко. Поголемиот број текстови се позајмени од пласила што се печатени во Републиката, а од изворните текстови за одбележување се оние кои се однесуваат на истакнатите активисти во македонската колонија во Сиднеј, особено во КУД „Илинден“.
Посебен простор е посветен на истакнатиот диригент Ванчо Чавдарски, кој во тој период работи во Сиднејската опера и постигнува завидни резултати, како и на второто продолжение од историскиот развој на Австралија, кое е поместено на англиски јазик. Во овој број, покрај другото, се среќаваат и рубриките „Детско катче“, „Со камера низ старите албуми“, „Антички градови во Македонија“, „Писма до редакцијата“ и други.
Бројот 4 е за периодот февруари-март 1976 година и е отпечатен на 24 страници, а на ист формат како и претходните броеви. И овој број е исполнет со позајмени материјали од други гласила, а има и текстови во продолженија од историскиот развиток за Австралија, од старите албуми, како и текстови за паднатите борци за Македонија. И овој број содржи бројни рекламно-проиагандни материјали.
Бројот 5 е идентичен на претходните броеви. Тој е отпечатен за периодот мај-јуни 1976 година. Од изворните текстови е поместена информацијата за посетата на македонската црковна делегација на Австралија, а се дадени материјали за бројните активности на надлежниот архијереј г. Кирил во Мелбурн, Сиднеј, Њукастл и Перт, потоа бројни фотографии. позајмени текстови, писма и други информации и рекламни материјали.
Како двоброј за мај и јуни 1977 година е отпечатен бројог 8 на „Илинденски весник“. Во него има бројни информации и фотографии од тогашниот претседател на Југославија Тито и од посетата на делегацијата од Македонија во Австралија, како и други информаци и вести од македонската колонија, рекламни материјали и друго.
Бројот 9, пак, е од јули 1978 година и е посветен на 75 годишнината од Илинденското востание. Тој содржи текстови кои се однесуваат на Илинденското востание и на животот и делото на Гоце Делчев. Сите текстови се позајмени од други гласила.
Бројот 10 како и претходните броеви е ист и по форма и по содпжина. Тој е отпечатен во август 1979 година е посветен на 76-годишнината од Илинденското востание. Во него се истакнува дека таа година „Илинденски весник“ го уредиле: Николче Неделковски, Горѓи Бушиноски, Тоде Кабровски и Богољуб Самарџиќ. Покрај материјалите по повод Илинден, се поместени текстови за македонските дополнителни училишта во Њу Таун, Јагуна и Кенли Веил, потоа текстови од илинденската прослава и активностите на КУД „Илинден“, од спортските настани во Републиката и во македонската заедница во Сиднеј.
Бројот 11 е отпечатен во октомври 1979 година и е посветен на 11 Октомври. Тој е отпечатен на македонски јазик со кирилица и на 24 страници. Во воведникот, покрај другото, се вели: „Еве не пак, со единаесеттиот број на „Илинденски весник“, точно на единаесеттиот ден 11 октомври, ден кој со златни букви е запишан во историјата на македонскиот народ, ден кој пред 38 години ја отвори новата страница од таа историја“.
Овој број обилува со изворни текстови ,меѓу кои, за македонекото етничко училиште св. Кирил и Методиј во Анклиф, за богатиот општествен живот на Македонците во Њукастл и Вулунгонг, како и за септемврискиот фудбалски турнир, на кој учествуваа бројни македонски фудбалски екипи. Од спортските вести е и онаа за гостувањето на ФК Вардар од Скопје во Австралија.
Во ноември 1979 година на 24 страници е отпечатен бројот 12. Тој е специјално издание и е посветен на „29 Ноември“. Уредници на овој број се: Николче Неделковски, Горѓи Бушиноски и Тоде Кабровски. Овој број обилува со текстови позајмени од гласила што се печатат во Републиката, а од изворните е даден текст за прославата на 11 Октомври во македонската заедница во Сиднеј, проследен со бројни фотографии од манифестациите. Посебен простор е посветен на гостувањето на фудбалската екипа „Вардар“ од Скопје и на бројни реклами.
Вројот 13 е отпечатен во февруари 1980 година, на 16 страници и на ист формат. На насловната страница, во овој број се дадени бројни информации од Македонија и од Австралија. Поместени се и бројни позајмени текстови, а од изворните заслужуваат внимание ииформацијата за свечената академија по повод завршувањето на учебната 1979 година во македонското училиште во Мелбурн, за прославата во Вулунгонг и спортските вести. Исто така, во овој број е поместена информација од редакцијата на весникот во која се вели дека се бара новото име на идниот весник, за што се предвидени и награди.
Вројот 14, пак, датира од април 1980 година, а е отпечатен на 16 страници. Тој е исполнет со текстови од други гласила и со мал број информации за активностите од македонските заедници. Се чини овој е последен број на „Илинденски вееник“ од Сиднеј.
Бидејки информативното ласило „Илинденски весник“ беше одраз и израз на македонскиот фолклор на песната и играта и на вистината за македонскиот народ, зато тој има посебно место во книгата “Македонскиот иселенички печат” на Славе Катин.
Продолжува
Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ
Прочитајте и:
МАКЕДОНСКИОТ ИСЕЛЕНИЧКИ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА (1)