Соопштение за јавност за протестот „За одбрана на името на Државата и идентитетот на нацијата“

Почитувани,
По повод денешниот протестен марш под мотото „За одбрана на името и Државата и идентитетот на нацијата“ на кои се приклучија Македонските заедници во светот и Светскиот Македонски конгрес, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

Македонска Алијанса ги повикува своите членови, поддржувачи и симпатизери во Татковината да се приклучат на протестниот марш. Земајќи предвид дека веќе подолг период повикуваме на општа мобилизација на Македонците во Татковината и низ целиот свет, даваме поддршка на протестниот марш. Длабоко сме уверени дека највисока патриотска должност е да бидеме иницијатори на масовното организирање на Македонскиот народ во одбрана на Уставното име и Македонскиот идентитет! Ова е само почеток!

Поголем дел од барањата на Македонските заедници од сите континенти и Светскиот
Македонски Конгрес се дел од политичките определби на Македонската Алијанса за кои веќе подолг период се залагаме и ги застапуваме. Подготвуваме Платформа за заштита на националните интереси и обезбедување сигурна иднина за Татковината. Македонската Алијанса ги користи сите контакти во администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, да ги презентира своите планови за иднината на Татковината.

Доколку се точни информациите во Грчките медиуми дека нацрт спогодбата која Ципрас и Коsијас ќе ја испратат во Македонија содржи предлог новите имиња да бидат напишани на словенски, споено и непреведени на Англиски јазик, заедно со промена на Уставот и воведување на нов идентитет за Македонскиот народ, тогаш не гледаме причина зошто и подржувачите на Владината коалиција да не се приклучат на протестот.

ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО ДА СЕ ПРЕКИНАТ! МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НЕМА ДА ДОЗВОЛИ
ВЕЛЕПРЕДАВСТВО! СТОП ЗА РАЗДАВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ!
МАКЕДОНИЈА БИЛА, Е И ЌЕ ОСТАНЕ МАКЕДОНИЈА!

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА
Претседател,
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски