Библиски речник

Во ова продолжение за читателите ќе претставиме дел од „Библискиот речник“, преку имињата, зборовите, изразите, називите,  лексикографските термини…: од Тора – еврејски назив за Законот за запишаните закони во Петтокнижието како целина – до Фарес (Перес) – продор; син на Јуда и Тамара, еден од близнаците, од него потекнува фаресовата гранка на Јудиното племе, од која потекнува и Давид

Тора – еврејски назив за Законот (1 Мој 26,5), за запишаните закони (1 Мој4,44) во Петтокнижието како целина. Во раното еврејство и во новозаветното време го означува целиот СЗ (Јв 10,34; Рим 3,19). Се читала во синагогите, секоја недела по еден одреден текст, така што читањето на целата Тора се завршувало за една година, или поретко, за седум години.

Тосефта – збирка преданија, кои не влегле во Мишната, составена околу 3 в. Се смета за додаток и служи за подучување во рабинските училишта. Голем дел од збирката е составен дел на палестинската Гемара и вавилонскиот Талмуд.

Тофет – место во Еномската долина, каде повремено Евреите од Ерусалим ги спалувале своите синови и ќерки како жртви на амонитскиот бог Молох {4 Цар23,10). Ереммја пророкувал против Тофет (место на   спал-вањето) (Ер7,32-33; 19,6).

Тракија – област меѓу Македонија и Црното Море.

Трахонитида – подрачје источно од Генисаретското Езеро (Лк 3,1).

Трет Исаија – в. Тритоисаија.

Тритоисаија – Трет  Исаија, ознака за непознатиот писател на 56-66 глава од книгата на пророкот Исаија, кој според мислењето на многу автори се разликува од Девтероисаија, кој пак е автор на главите 40-55. Со проучувањето на Библијата е дојдено до заклучок дека порокот Исаија е автор само на 1-39 глава од книгата (8 в.пр.И.Х.). Позадината, пак, на 40-66 глава е времето на вавилонското ропство и подоцнежниот период (6-5 в.пр.И.Х.). Денес скоро со сигурност се смета дека главите 40-66 настанале после вавилонското ропство. Но спорно е дали се работи за еден автор (можеби Девтероисаија или некој негов ученик), кој делувал непосредно по враќањето во татковината {после 538 г.пр.И.Х.). Овој дел од книгата на пророкот Исаија содржински се занимава со предупредувања за богоугоден живот и искажува надеж за Новиот Ерусалим, судот и иднат аслава на последните времиња.

Трње – плевел со боцки, се шета за казна (1 Мој 3,18; Ис 7,2,13; 34,13), а служи и за ложење оган (Проп 7,6; Ис 33,12). Трновата круна на Христос не се знае од која билка била исллетена и најверојатно не послужила како средство за мачење, како што наложува традиционалното сфаќање, за кое пак најраните сознавања потекнуваат од крајот на 2 в. Можно еда служела само за потсмев, како карикатура на царските круни.

Троада – еден од главните градови на римската провинција Азија на егејскиот брег во северозападна Азија. Павле прв пат отпловил за Европа од тоа пристаниште, при своето второ патување. Таму останал една недела по враќањето од третото мисионерско патување (Дап16,8-11; 20,5-12).

Тројствени обрасци – се среќаваат во Мт 28,19; 1 Кор 12,4 и 2 Кор 13,13. Претставуваат први обрасци на исповедање на верата во троединиот Бог; в.Тројство.

1321

Тројство – изразито учење за тројството не се среќава ни во СЗ, ни во НЗ. Но во НЗ постојат искази кои претставуваат темел за сфаќањето за троединиот Бог и суштински се разликуваат од паганските претстави за божествените тријади (Пр. божествено семејство, сочинето од мајка, татко и син). Божјото тројство го сочинуваат трите личности на еден исти Бог – Отецот, Синот и Светиот Дух.

Трофим – оној што храни, еден од првите христијани, по потекло од Ефес, кој заедно со апостолот Павле го ширел христијанството во Азија и Ерусалим (Дап 20,4). Павле бил уапсен после еден настан, кога се сметало дека направил престап во внатрешното двориште на храмот каде паганите немале пристап (Дап 21,29-36).

Труба – многу стар инструмент, на почетокот долг и тесен рог од овен, на едниот крај проширен. Се користел во војните и при пеењето во храмот (2Мој 19,16-19).

Тумим – в. Урим и Тумим.

Ќелија – мала темна просторија (Ер 37,16).

Ќесар – в. Кесар, Цезар. Ќесарија – в. Кесарија.

Улај – река источно од Суза, покрај која пророкот Даниил добил визија (Дан 8,2.16).

Управител – се спомнува најчесто во СЗ како управител на некоја област, одреден од царот. На пр. Неемија бил управител на Јудеја (Нем 5,14); другите се спомнуваат како управители на градовите или ,,градоначалници” (3 Цар 22,26). Во НЗ овој термин се однесува на управителите кои биле директио потчинети на римската власт, како Пилат {Мт 27,2) и Феликс (Дап 23,26). познат по култот на богот на месечината (Син). Бил населен веќе 4000-5000 г.пр.И.Х. Роден град на Аврам (1 Мој 11,27-31; 15,7). Кај неговите ѕидини се најдени дебели слоеви глина, кои укажуваат на некој дамнешен потоп на земјиштето.

Урбан – градски, често име на робови во Римската империја {Рим 16,9).

Уриел – светлост Божја, 1) левит кој помогнал при преносот на Ковчегот на заветот од Оведедом во Ерусалим (1 Лт 15,11-15); 2) име на ангел во еврејската апокалиптична книжевност. 

Ур – најверојатно означува град, денес го носи името Мукајер -„смолен”, поради смолата што се употребувала како поврзувачки материјал за тули при градењето. Древен сумерски град во Халдеја, јужна Вавилонија, 

Урија -1) Хетеец (Хетит), кој бил во служба во Давидовата војска и го обожувал еврејскиот Бог. Негова жена била Вирсавија, која многу му се допаднала на Давид. За да може да ја земе за жена, го пратил Урија во првите воени редови за време на опсадата на Раватамон, каде и погинал (2 Цар 11); 2) син на пророкот Семај, го прекорувал царот Јоаким и затоа избегал во Египет. Но подоцна бил вратен и убиен (Ер 26,20-23).

Урим и Тумим – предмет што првосвештеникот го носел на градите, со имињата на дванаесетте племиња на дванаесет скапоцени камења. Служел како средство за одредување на Божјата волја во деликатни случаи (2 Мој 28,30; 3 Мој8,8). Се користел само за одговарање на прашања, суштински за целиот народ. По времето на Давид не се споменува дека повеќе се користи. Има различни мислења за тоа што во суштина претставувале Уримот и Тумимот и како се користеле. Според едно од нив, тоа биле два привезоци на ефодот што можеле да се извадат. Биле користени како жреб, фрлани како коцка која преку начинот на кој ќе паднела, ја откривала Божјата волја. Некои сметаат дека биле камења со рамна површина, од едната страна бели, а од другата црни. Ако паднеле и двата со белата страна нагоре, договорот од Бога бил потврден или обратно. Ако паднеле пак со различни страни нагоре, значело дека нема одговор на прашањето. Можеби се слушал глас или се гледал некој лик или отсјаЈ во камењата, или делувал мистично преку свештените имиња. Старозаветниот свештеник со Урим и Тумим е праслика за Христос (Ев 5,7-9). Очекуваниот свештеник со Урим и Тумим еИсус Христос, првосвештеник – застапник и искупител (Ис 42,1-7; 51,4-5; Лк 2,32; Јв 1,9).

13221Египетски фараон

Утвара – визија, видение (Дап 2,17).

Утешител – staroгрчки пзраклит; се појавува како израз само во прошталните говори на Христос (Јв 14,16.26; 15,26; 16,7; Јв2,1). Според Јв 16,13 тоа е Духот на вистината, односно Светиот Дух.

Уфаз – наоѓалиште на злато, на кое не му се знае точната локаци-ја; буквално може да значи чисго злато (3 Цар 10,18; Ер 10,9).

Ученик – назив за секој од дванаесетте апостоли (Мт 10,1) и за повеќето Христови следбеници (Јв 6,66). Во Дап 21,16 сите Христови следбеници се нарекуваат ученици, и мажитe и жените; а во Антиохија прв пат се нарекуваат христијани (Дап 11,26).

Учител – назив за Христос (Јв 13,13). Во раното христијанство лостоеле учители, се спомнуваат во Дап 13,9; 1 Кор 12,28; Еф 4,11. Нивна задача била да ја пренесуваат разбирливо Божјата волја во раната Црква и да се грижат за богоугоден живот во неа.

Фазга (Писга) – област во ридестиот дел во Моавската земја, се протега кон североисточниот крај на Мртвото Море. Таму Валам принел жртва (4 Мој 21,20), а од нејзиниот врв Мојсеј ја видел ветената од Бога земја (5 Мој 34,1-3).

Фануил (Пенуел) – лице Божје 1) место на реката Јавок во Јордан, каде Јаков се борел со ангелот и го примил Божјиот благослов (1 Мој 32,24-32). Се споменува како населба во описот на борбата на Гедеон против Мадијан (Суд 8,8.17), а подоцна бил утврден од Јеровоам (З Цар 12,25); 2) таткото на Ана, старата пророчица од Ерусалим, која присуствувала на донесувањето на детето Исус во храмот и во него го препознала Месијата (Лк 2,36-38).

Фаран – пустина во средишниот дел на Синајскиот Полуостров, каде побегнале Исмаил и Агара, од кај Аврамовиот дом. Оттаму Мојсеј пратил извидници во Ханаан (4 Мој 13,1-3), а Евреите поминале на својот пат за Ханаан (4 Мој 10,12).

Фараон – претставува еврејски израз за египетскиот ,голема куќа’ – титулата на египетските цареви. Ги исполнувале наредбите на египетските божества, а и самите се сметале за божества. Особено изразена е улогата на фараонот што не им дозволил на Евреите да го напуштат Египет, опишан во 2 Мој.

Фарес (Перес) – продор; син на Јуда и Тамара, еден од близнаците, од него потекнува фаресовата гранка на Јудиното племе, од која потекнува и Давид (4 Мој 26,20).

Продолжува  

Пишуваат:

1slave 4 ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И

1slave 3 СЛАВЕ КАТИН