Публикацијата „Балканот и Македонија“ од покојниот академик Антоније Шкикљев – Дончо од Белград е објавено за прв пат на српски јазик под наслов „Праисторија Централног Балкана “. Потоа истото дело под наслов „Праисторија на Централниот Балкан“, од Антоније Шкикљев – Дончо и Славе Николовски – Катин е преведено на македонски јазик и е објавено од издавачката куќа „Македонска искра“, Скопје, 2019, 1-320 стр. Овие публикации се дел од вистината за Балканот и Македонија.
Инаку, книгоиздателството “Македонска искра” е формирано благодарение на демократските процеси што настанаа по осамостојувањето на Република Македонија како независна, демократска и самостојна држава. Тогаш се создадоа поволни услови за приватна иницијатива, меѓу другото и во областа на културата, со посебен акцент во развојот на книгоиздателството. Така, денешното Друштвото за издавачка и образовна дејност, производство и промет (Книгоиздателството) „Македонска искра” ДООЕЛ увоз-извоз-Скопје.
„Македонска искра“ е крстена по весникот „Македонска искра“, првиот македонски весник што започна да се печати во Перт, Австралија во 1946 година. Таа за првпат е регистрирано во Окружниот стопански суд во Скопје, на 28.03.1995, за потоа да ги следи сите законски измени. Меѓутоа, својата издавачка дејност “Македонска искра” ја започна во текот на 1997 година и досега има објавено стотици наслови од значајните македонски писатели, научници и публицисти, во тираж од илјадници примероци, пласирани во Македонија и во многу национални библиотеки и специјализирани книжарници во европските и во прекуокеанските земји, особена меѓу македонското иселеништво
На оваа скромна, но со видни резултати издавачка куќа посебна област во издаваштвото се учебниците и дидактичката литература одобрена од Министерството за образование на Република Македонија. Сите учебници и различната дидактичка литература на „Македонска искра“ се користат во основните и средните училишта, и имаат значаен прилог и придонес во образовниот процес во Република Македонија.
Во ова продолжение на „Балканот и Македонија“ е забележано дека во современата археологија се смета дека Балканскиот Полуостров е колевка на културата на „Стара Европа“. Пред повеќе милиони години, Балканот претставувал систем од острови и архипелази во океанот Тетис, сместен помеѓу Африка и останатиот дел од Европа. Со геолошките промени, новоформираното балканско копно се нашло помеѓу Средоземното Море на југ и Панонското Море на север. Со истекување на панонските води преку Карпатите во Црното Море, создадени се терените на денешните српски територии. По своето геолошко наследство, овие територии претставуваат исклучителни терени и ризници од материјали од кои може да се реконструрира развојот на значајните етапи во еволуцијата на копнената вегетација и на животинските видови.
Со повлекување на последната ледена прекривка пред 12.000 години од просторот на средно Подунавје, создадени се поволни услови за опстанок на човекот. Првите човечки заедници на риболовци, а подоцна и на земјоделци, на овие простори ја развиле културата на Лепенскиот Вир, една од најстарите духовни манифестации во Европа. Тргнувајќи од хипотезата дека археолошките наоди на уметноста во Лепенскиот Вир се најстари докази за материјалната култура на една човечка заедница на Балканот, се претпоставува дека постојат и други духовни остварувања. Веројатно е дека постојат и други архетипски спиритуалности, нам непознати, што беше и примарна цел на овој труд.
Во методологијата на научните истражувања користени се Јунговите (1990) ентитети од комплексната психологија: архетипско, колективно несвесно. Со овој модел истражувана е ономастиката, митологиајта и праисторијата. Од ономастиката на средното Подунавје истражувани се хидронимите и хоронимите според воено-гоеграфските мапи 1:200 000. Лингвистичките методи се етимолошки и семантички.
За објаснување на имињата, користени се лексикони на старограчки јазик, како и глосолошки студии на грчки, германски и други лингвисти кои утврдиле дека во античкиот грчки јазик постојат супстрати кои не припаѓаат на Хелените, туку на праисториските домородци. По долгогодишни истражувања, утврдено е следново:
На српските простори на средно Подунавје и во Македонија голем број хидроними и топоними припаѓаат на една или општа палеоглосологија на Балканот од семејството на прото-индоеврспски јазици.
Ономастиката на Дунав (која во превод го персонифицира Зевс), неговите притоки и ади, припаѓа на целиот митолошки систем на Хомеровата и Хесиодовата теогонија од Олимпискиот пантеон на богови.
Хесиодовата космогонија ја симболизира вечната борба на водата и камењата и на интеракцијата на овој процес во човековата свест. Геофизичката појава на борба се одиграла меѓу водите на Панонското Море и стените на Карпатите, со создавање на Ѓердап – Тартар и со победа на водата, т.е. Дунав-Зевс, кој загосподарил со останатите богови.
Душите на умрените испратени се по водите на Стига (Млава) во Подземнито свет (Хомолската пештера), каде владее богот на подземниот свет Хад, а за свој чувар го има песот Кербер.
Ономастиката на адите на Дунав (Ада Кале-Еритија, Форкотумац, Чакљан крај Белград, итн.) претставува митолошки патоказ на Хераклевата маршрута по Дунав во остварување на неговите херојски дела: кражбата на Герионовите стада, фаќањето на Кербер, кражбата на Хесперидините златни јаболка на божицата Хера, борбата со богот-чудовиште
Со ономастиката се утврдени и топонимите каде битисувале разни праисториски еолски племиња од семејството на Хиперборејците, како што се: Дануни, Мишани, Македонци, Минијци, Лапити, Бриги, Мосиники и Каки. Поради миграциите на новите индоевропски народи (Дорци, Скити, Илири и др.) во XIII век пред Христа, Подунавскиот свет ја напуштил својата родна грутка и ја пренел својата архетипска култура на југ, исток и на запад. Со тоа дошло до преместување на цивилизациските средишта во грчката Атина, македонсакта Пела и италската чизма (полуостров). Еолците се учесници во Тројанската војна и творци на „грчкото чудо“, особено античките Македонци.
И покрај разните миграции, опстанале и староседелците, кои заедно со Скитите како пра-Словени на централнит Балкан (Синги, Пеони, Дардани, Линкести, Трибали, Илири и др.), претставуваат континуитет на животот на овие простори и „жива“ потврда за преносот на архетипската цивилизација низ векови преку генерациите, исклучително по усмен пат. Опшана е и колонизацијата на Балканот во праисторијата од страна на египетските Данаиди, Фениќани, Ахејци и Колхиѓани.
Палеоглосолијата на Блканот архетипски припаѓа на културите на „Стара Европа“, а сочувана е во топонимите на Балканот, во античкиот грчки јазик, во тнр. Александровиот „коине“, кој што доминирал во античкиот свет 900 години и претставувал инфраструктура на јазиците на денешните народи на Балканот.
Истражувањата имаат антрополошки и лингвистички аспект. Тие задираат длабоко во корените на праисторијата на овие простори, каде послабо може да се следи човечката трага. Тие, меѓутоа, потврдија дека архаичната култура на централниот Балкан имала високи архетипски дострели во цивилизацијата.
Добиените резултати даваат елементи на едно древно наследство кое народите на југоисточна Европа, особено на Балканот, повеќе ги поврзува и приближува, отколку што ги раздвојува. Намера на авторот беше на читателот да му укаже на тоа дека терените на српските и централно-балакнските простори претставуваат не само ризница за следење на еволуцијата на развојот на флората и фауната, туку и за истражување на духовните остварувања со високи дострели. Со посредство на нивното лингвистичко и севкупно наследство, се формира и секојдневно се збогатува поимникот на современата наука и се отстрануваат искривените слики за хиерархијата на изворните европски духовни вредности. Исто така, се потврдува и фактот дека Централнит Балкан е колевка на егејската култура и дека народите на овие простори имат заедничка историја, иднина и биолошки императив.
Инаку, академик д-р Антоније Шкокљев-Дончо, пензиониран генерал, е роден во селото Д’мбени, Костурско во Егејска Македонија сега Грција. Д-р Шкокљев го добил своето образование во Костур, Софија и Белград. Во Втората светска војна учествувал во ослободувањето на Македонија и Југославија.
Д-р Шкокљев дипломирал на Медицинскиот факултет во Белград со висок просек во областа на максилофацијалната и оралната хирургија, а работел во Белград и во други медицински
центри во Европа. Тој беше доктор по медицински науки и (експерт) член на Светската здравствена организација.
Д-р Шкокљев е автор на повеќе од 260 научни и други трудови, како и на десетина книги од кои посебно внимание заслужуваат: “Поедноставена техника за имобилизација на вилици во модерна војна”, што е негова докторска дисертација, одбранета во 1964 година; “Олимписките богови од Србија” (1998), “Придонесот на Македонија во Светската цивилизација” (2004) и голем број други публикации со кои тој го истражува палеолитскиот период на Балканот.
По неговата специјализација во Народна Република Кина, во 1989 година, д-р Шкокљев беше основач на Меѓународната постдипломска школа за традиционална медицина на Европскиот центар за мир и развој, каде што тој бил и директор.
Д-р Шкокљев беше член на Македонската академија на науките и уметностите, член на Академијата за медицински науки, српски медицинска асоцијација во Белград, член на Меѓународната американска академија за акупунктура и електротерапија и на други асоцијации. Исто така, академик Шкокљев беше активен во палеолингвистичките истражувања на Балканот и има добиено многу сертификати
Академик проф. д-р Антоније Шкокљев-Дончо како голема светска личност живееше долг но скромен живот, а на 94 -годишна возраст почина на 01 мај 2018 година во Белград, каде се наоѓа неговиот вечен дом. Меѓутоа, неговото име и дело ќе останат незаборавни во етничка Македонија и во Србија.
Славе Николовски-Катин, пак, е голем вљубеник во својата родна Преспа, во етничка Македонија и македонскиот народ, како и во македонската дијаспора. Тој е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно на етничка Македонија и на животот на Македонците во светот. Исто така, неговата работа се однесува на културата, литературата, јазикот, историјата, журналистиката и религијата. Тој е aвтор на шеесет публикации, на стотина научни трудови презентирани на различни симпозиуми и други собири, како и на преку 5.000 новинарски текстови објавени во Македонија и во светот.
Славе Катин е роден на 19 август 1941 година во Долна Преспа. Основното и осумгодишното училиште (со мала матура) го завршува во Љубојно, Средното техничкото училиште во Скопје. Студирал геодезија во Белград, потоа јазик во Торонто, а дипломирал на Катедрата за англиски јазик и книжевност на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
Како функционер на Владата на Република Македонија, тој бил на посети и разговори кај поглаварите на Романската, Украинската, Руската и Српската православна црква, потоа во Цариградската патријаршија во Истанбул и повеќе пати во Ватикан во Рим. Меѓу другото, бил и во делегацијата на Владата на Република Македонија за погребот на Мајка Тереза во Калкута, Индија.
Во неговата биографија е забележано дека Славе Катин беше член на “Академијата за слобода на религијата” во Вашингтон, САД, секретар на друштвото “Македонија-Канада”, секретар на Здружението на новинарите на Македонија, беше акредитиран новинар од Македонија за “Австралиско-македонски неделник” од Мелбурн и “Меѓународна политика” од Белград. Денес e член на „Друштвото за наука и уметност“ од Битола и е постојан член на најголемата фондација од дијаспората “Атанас Близнаков”, при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
Крај
Пишуваат:
АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И
СЛАВЕ КАТИН