Шекеринска и Османи на видео состанок со колегите од НАТО

Министрите за одбрана и за надворешни работи Радмила Шекеринска и Бујар Османи попладнево учествуваат на видео состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО.

На состанокот на кој се поканети министрите за одбрана и шефовите на дипломатииите на земјите членки на НАТО, учествуваат и државниот секретар на САД Ентони Блинкен и секретарот за одбрана Лојд Остин, како и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

– Започна состанокот на НАТО министрите за одбрана и за надворешни работи. Со генералниот секретар Столтенберг и колегите од земјите членки на НАТО, ќе дискутираме за заедничките приоритети на НАТО сојузниците во глобалната безбедност, за Авганистан, за руските активности насочени кон Украина, за агендата #NATO2030 и за подготовките за Самитот на Алијансата.#WeAreNATO, напиша на Фејсбук министерката Шекеринска.

Османи, пак, посочува дека ќе се разговара за колективната безбедност и за актуелни меѓународни теми.
– Една од централните теми на денешниот состанокот е мировниот процес и иднината на Авганистан, како што веќе најави Генералниот секретар Столтенберг, почитувајќи го принципот „Влеговме заедно, го прилагодиме присуството заедно и исто така ќе заминеме заедно“. Очекувано ќе бидат отворени и други актуелни теми врзани за нашата колективна безбедност, со посебен фокус кон последните случувања во и околу Украина, но и подготовка за претстојниот НАТО самит, наведува Османи на ФБ.