Конференција за детската сиромаштија

Во организација на Првата детска амбасада во светот – МЕЃАШИ во партнерство со Аригатоу Интернационал, нивната Иницијатива за крај на детската сиромаштија и Глобалната мрежа на религиите за децата (ГМРД) денеска и утре ќе се одржи конференција на тема „Крај на детската сиромаштија и насилството врз децата“.

Една од целите на конференцијата е сите одговорни државни институции, различните конфесии, граѓански организации, поединци и граѓани/ки заедно да моделираат ефикасни решенија што ќе помогнат во борбата против детската сиромаштија и насилството врз децата.

На оваа конференција ќе присуствуват 30-35 партнери на ГМРД од 10 држави: Босна и Херцеговина, Хрватска, Германија, Романија, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Русија, Србија и тимот на Аригатоу Интернационал од Кенија.