Американскиот амбасадор Џес Бејли денеска ќе го посети Факултетот за безбедност – Скопје, каде ќе оствари средба со деканот проф.д-р Никола Дујовски.
Бејли ќе биде запознат со работата на факултетот и неговиот развоен процес согласно програма за работа.
Амбасадорот на САД во рамки на Дипломатскиот форум на Факултетот за безбедност – Скопје пред студентите и професорите ќе одржи предавање од областа на борбата против корупцијата, по кое ќе одговара на прашања од студентите.