Помошта од Европска Унија за справување со коронавирусот од солидарниот фонд на ЕУ е за оние држави кои имале штета над 30 милиони евра во одреден период, додека нашата држава до тогаш имала штета од нешто од 7 милиони, истакна претседателот на државата Стево Пендаровски во врска со одлуката на ЕК да не је вклучи Северна Македонија во пакетот финансиска помош од околу 530 милиони евра како дополнителна поддршка на земјите членки и државите кандидати за членство во Унијата са справување со коронавирусот.
Тој додаде дека во тој момент, откако биле собрани апликациите за штета, од сите општини, било заклучено дека сме „кратки“ во тој дел.
Во бројки штетата претпоставена требало да биде над 30 милиони евра. Како што рече Пендаровски, ние сме биле некаде во штета од 7,5 милиони евра, и со тоа не сме можеле да поднесеме апликација.
-Станува збор за поинаква фактичка состојба. Станува збор за процес кој е отворен пролетта, и имал рок до средината на летото да се аплицира, со предуслови. Ако веруваме на фактографијата на нашите органи и институции, а јас им верувам, во кои велат дека постоеле долни прагови за општа штета која пандемијата ја предизвикала, рече вечерва претседателот Стево Пендаровски.