Бејли: Силно изразената поддршка за ЕУ и НАТО да се преточи во политичка волја

САД и Европа и помогнаа на Македонија да излезе од она што се нарекуваше длабока политичка криза, истакна американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, на конференцијата на парламентарните комисии за европски прашања на државите опфатени во процесот за стабилизација и асоцијација на ЈИЕ-КОСАП, што денеска се оддржува во Скопје.

Бејли смета дека за Македонија докрај да ги истурка реформите потебно е поддршката од 75 отсто за влез во ЕУ и НАТО да се преточи во политичка волја. Владеењето на правото, вели амбасадор Бејли, е еден од најголемите предизици со кои се соочува земјата, а многу често земјите стануваат ранливи на корупција и криминал поради недостаток на владеење на правото.

– Граѓаните треба да бараат отчетност, транспаретност и информирање од страна на институциите. Тоа значи дека граѓаните треба да одбијат да го свртат погледот на другата страна кога ќе се соочат со прекршување на законите или со корупција, а тоа значи дека не треба да се прифаќаат работите онакви какви што се особено доколку сте соочени со непотизам и лични појави, рече Бејли.

Судовите во Македонија, смета тој, треба да внимаваат на транспаретноста, бидејќи многу често важни судски случаи се обвиткани со некој, како што рече, вел на мистерија и не е ни чудно што граѓаните не им веруваат.

Прашањата на интегрален интегритет ја поткопуваат довербата. Како пример тој посочи на случајот кога јавен обвинител учествуваше во донесување одлука што се однесуваше на член на семејството на друг член на Советот на обвинители.

– Ми се чини дека тука станува збор за една ситуација на конфликт на интереси. Никој точно не знае што точно се случи во таа ситуација, рече Бејли.