Се работи на обезбедување средства за почнување на третата фаза од пругата кон Бугарија

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски очекува во текот на годинава да биде избран изведувач на првите две делници за пругата кон Бугарија и да има прогрес на работите на терен, а како што изјави денеска, работат да обезбедат средства за почнување на третата фаза.

За пругата кон Бугарија, согласно со одлуката од Владата, првата и втората делница  ги споивме во едно и  веќе се работи на претквалификација и барање заинтересирани изведувачи кои ќе работат на  овие две делници Куманово-Бељаковце и Бељаковце – Крива Паланка за кои  се обезбедени финансии во најголем дел од грантови, изјави денеска Бочварски, одговарајќи на новинарско прашање по увидот на работите за изградба на гасоводот Скопје-Гостивар.

За следната фаза од  Крива Паланка до граница со Бугарија веќе се обезбедени 60 милиони евра, а целата чини над 400 милиони еера.  – Вчера со одлука на Владата помина информација со која Македонски железници Инфраструктура ја продолжува постапката за апликација за обезбедување дополнителни средства како грант за оваа трета фаза преку WBIF. Toa значи дека веќе се подготвуваме со сите предфази да обезбедиме средства за сериозно почнување на третата фаза,  а очекуваме во текот на годинава да биде избран изведувач за овие први две делници, така што очекувам  и прогрес во текот на оваа година со нов изведувач на терен, рече Бочварски.

Тој не сакаше да ја коментира судската постапка по прекинот на работите на првата  делница посочувајќи дека тие си течат и има арбитража, а сето тоа не ја запира постапката за избор на нов изведувач кој ќе работи на терен.

-Сите  проекти кои стоеле 30-ина година како што е гасоводот, каде реално било малку направено, а денес гледаме каков замав земаат,  секако железницата, новите делници на автопатиштата за кои почнуваме  нови постапки се силен импулс да ги убедиме граѓаните дека оваа е година на развој и да ги ставиме во функција сите домашни и меѓународни капациети кои ќе дојдат да работат на терен. Посакуваме силни изведувачи  кои посветено ќе работат како што го гледаме тоа тука со гасоводот, рече Бочварски.

Според информаците од раководството на МЖ Инфраструктура, во претквалификациксата фаза за првите две делници се доставени 20 апликации од меѓународни конзорциуми, а до крај на месецов треба да се финализира листата со тие кои ќе учествуават со финална понуда на тендерот, по што во рок од 90 дена треа да се изврои изборот.

На вчерашната седница на Владата беше одобрена Информацијата за доделување грант преку 25. повик за техничка помош и за 6. повик за инвестициски грант за изградба на делницата Крива Паланка – граница со Република Бугарија како дел од Коридорот 8, со укажување до ЈП за железничка инфраструктура „Железници на Република Северна Македонија“- Скопје, да ја достави апликацијата за овој грант до Инвестицискиот фонд за Западен Балкан (WBIF).

Со грантот значително ќе се забрза процесот на довршување на железничката пруга кон Бугарија, како дел од обврските на нашата  држава во развојот на паневропскиот Коридор 8, а со добивање на инвестицискиот грант ќе се дополни финансиската конструкција за изградба на делницата Крива Паланка – граница со Бугарија, информираа од Владата.