ЗНАЧЕЊЕ НА ПОИМИТЕ „ХЕЛЕНИЗАМ“ И „МАКЕДОНИЗАМ“

Поимот „хеленизам“ е воводен во историографијата од страна на германскиот историчар Дројзен 1877/78 година, во неговата публикација „Geschiehte des Hellenismus, I-III, Gotha.“ Во антиката, глаголот „хеленизö“ значел „да зборува како Грк“, односно „да говори чисто грчки“. Од овој глагол, најпрво преведувачите на Стариот завет во Александирската библиотека, на Македонското египетско кралевство на Птоломеј, го извеле зборот „hellenismòs“ и „hellenistès“, кои во делата на апостолите и во Новиот завет се употребувани за обележување на Евреин кој го прифатил „хеленскиот јазик“.

„Мегали идеја“ и „Мегали Хелада“

Јохан Густав Дројзен бил советник на баварскиот принц Ото при неговото крунисување, во мај 1832 година, како грчки крал Отонос I (Othönos A’), кога Грција ја стекнала својата независност од Отоманската империја. Тогаш Грците за прв пат во својата историја формирале своја хеленска држава, која ги опфаќала Пелопонез, Кикладите и континентална Хелада во линија од заливот Арт на запад, до заливот Волос на север. Престолнина на новата држава станал приморскиот град на Пелопонез, Нафплио, во Арголитскиот залив.

Во новата држава веднаш се појавиле експанзионистичи барања со етничката филозовија „Мегале Идеа“, која станала доминантен поим за реставрација на Византиската империја. „Голема идеја“ значела „Мегали Хелада“ и била аксиом на надворешната политика на новата монархија и под поимот „хеленисмöс“ просторно ги опфаќала пределите од Хамос (Балкан Планина) до Тенар и од Јадранот до Црното Море и планината Таур во Мала Азија.1 Пимот „hellenismòs“ и придавката „хеленистички“ со време е применет и на територијалните и културните остварувања на Александар Македонски и на свесно девалвирање на македонскиот идентитет. На Дројзен оваа идеја му послужила како форма за обединување на Германија под Бизмарк (1815-1899), под закрила на Прусија, а после и на јакнење на германскиот Рајх. 

1 Сворöнос, 1976, 81

Дројзеновиот поим „хеленизам“ е прифатен подоцна и од други автори.2 Нивната појдовна точка била дека македонската култура и историја припаѓаат на хеленскиот корпус. Тие тоа го сториле не земајќи ја предвид архетипската праисторија на Централниот Балкан и неговата култура која од север од Бореја (Македонија) и Хипербореја (Средно Подунавје) се селела на југ, исток и запад. 

2  Ferguson 1911, HeussLaunes, 1949, Beloch 1927 и други.

Овој значаен аргумент, пред сè, ни ја потврдува мезо и неолитската архетипска уметност на „Стара Европа“,3 со епицентар во културата на Лепенскиот Вир помеѓу 7000-6000 година пред Христа. Тука се остварени сакрална архитектура и монументална камена скулптура, гравури и палеографизми, со 134 човечки живеалишта од околу 18 м2 површина со жртвеници и свештенички симбили. Овие материјални наоди укажуваат дека Лепенскиот Вир бил и свештенички град иерополис, односно Хелиополис.4 

3  Gimbuts, M.: The Goddesses and Gods of Old Europe 6500-3500 B.C. Myth and Cult Images, Univ. of California Press, 1982.

4 Бабовиħ, Љуб.: Положај и функција светилишта на Лепенском Виру, Центар за археолошка истраживања, Филозофски факултет, Београд, 1997, 97-108

Следуваат, исто така, најновите откритија во Македонија, како што се неолитските гравури на карпите кај Кратово (Rock Art), со ѕвездени мапи, христијански симболи и уметнички мотиви.5 Потоа, палеописма од Церје, крај Скопје, детерминирани на 6000 години пред Христа,6 линеарното писмо на дрвена даска на локалитетот Дупјак (Dispillio – Костур), датирано е од 5260 година пред Христа,7 како и неолитската опсерваторија Кокино крај Куманово, откриена од страна на НАСА, во 2001 година, датирана дека потекнува од 1800 година пред Христа. Овие и други наоди, како и постоечката праисториска топономастика, претставвуаат најстари споменици на архетипот, расрпостранетоста и континуитетот на македонската култура и цивилизација.

5  Алексовски, 2001.

6  Р. Пешиħ, Оптужујем ħутање, Пешиħ и синови, Београд, 1987.

7  Hourmouziades, H.G.: Dispillo (Kastoria), Codex, Thessaloniki, 1996.

Палеописмото во Македонија му претходи на она во Хелада за повеќе од 3000 години. Глосологот Мпампиниоти8 истакнува дека хиероглифското писмо од Крит, кое што е користено во вид на печат, датира помеѓу 2000-1750 година пред Христа.9 

8  Mpampiriotis, G., Synoptiki istoria tis Ellinikis glossas, p. 76, Athina, 1986.

9  Ventris, M., Chadwick, J.: Documents in Mycenaen Greek, p. 122, Cambridge, 1956, 122

Античките Македонци и Аргеадската династија на Теменидите од праисториските Македонци Македон, Еагар и Орфеј го наследиле името на нивниот хороним – Македонија, нивниот етноним – Македонци, нивниот централно балкански еолско-палеобалкански „старогрчки“ јазик. Тие го прифатиле нивниот Олимпијски Пантеон на богови од Хидролошкиот систем на Дунав и во Пиерија – Света Гора, изградиле своја престолнина Еге (Aigai) кај Воден и многу градови посветиле на Диос-Дион, Хера-Хераклион, итн., како и светилишта на Дионис, Деметра, Асклепиј, Изида, на Музите и др.

190-2

За време на кралот Архелај (413-399 пред Христа) основана е новата престолнина Пела во Термајскиот залив и според Тукидид:10 „и нови тврдини изградил… и рамни патишта пресекол и останато потребно за војни уредил: коњи, оружје и друга опрема…“ 

10  Тукидид, Повијест Пелопонеског рата, с. II, 100, Дерета, Београд, 1991.

За време на кралот Филип II (359-339 пред Христа) дошло до високи културни достигнувања во античка Македонија. Во Миези, помеѓу Воден и Негуш во Нимфеон, формирана е „Македонска кралевска академија“ за школување на младите од висок ранг. Управник на Академијата бил Македонец од Стагира, Аристотел (384-322 пред Христа), син на дворскиот лекар Никомах, најголем и најсестран антички филозоф, основач на логиката и на многу природни и општествени науки. Македонската академија го продуцирала најспособните и најдобрите дипломати, политичари, економисти и војсководци, кои го освоиле дотогаш познатиот свет. Тие ги создале Македонските царства во Европа, Азија, Африка и во Индија, во почетокот со национални, а подоцна со космполотиски ентитет.

За развојот на културата во Македонија придонеле многубројни културни трудољубиви дејци од Јонија (Херодот), Атина, Сицилија, итн. Познато е дека славниот трагичар Еврипид (484-406 пред Христа) од Саламина, живеел во Пела за време на владеење на кралот Архелај, каде, од своите 75 драми, голем број напишал во Македонија.

Улогата на Македонската кралска академија во Миези

Покрај Аристотел, познати се и многу други научници кои во тоа време престојувале во Академијата или на дворот, како што се Атријалт, Амариј, Аристобул и Зојл, Диникрит, Калистен, Питагора, Полигност, Леодам и др. Од ова може да се заклучи дека Македонската академија не била само образовна институција, туку и духовен центар на државата и голема лабораторија за моделирање на општиот палеобалкански во современ македонски јазик, познат во литературата како „Александров коине“ (Александринекоине)11 јазик. Најдобри извори за проучување на античкиот македонски јазик се: Аристотеловие дела, Стариот и Нов завет, разни египетски папируси на династиите на Птоломеидите, делата на историчарот Полибиј (II век пред Христа), текстови на Диодор Сиц. (IV век пред Христа), текстови на филозофот Епиктет (I-II век пред Христа), итн. 

11 Mpampiriotis, G., Synoptiki istoria tis Ellinikis glossas, p. 107, Athina, 1986.

Само од наведените аргументи може да се процени Дројзеновиот неадекватен поим „хеленизам“ наместо „македонизам“.

И тоа уште повеќе, зато што според Херодот:12 Хелените Лакедемонци, Спартанци, познати по своите скитања и патувања… „Тие ја дале ’евгениката’, воините Леонид и Паусаниј и дорските столбови. „Грчкото чудо“ не е „хеленско чудо“, туку дело на Атињаните: Бутади, Пизистратиди, Кодриди, Алкмеониди на чело со Перикле (499-429), кои сите се од еолско потекло од Панонија, а не од дорско-хеленско. Според тоа, македонската, а не хеленската, култура била подоминанта и можела да им се наметне на грчките полис-држави, не само поради подобрата организација на големата држава, туку и поради силата на своето оружје и посупериорната цивилизација, од материјален, општествен и културен аспект.  

12   Херодот, Историја, I, 56, Матица Српска, Београд, 1988.

Дројзен ја прекинува хеленистичката историја кај битката кај Селасиј во 222 година, додека други го сметаат хеленистичкиот период до 30 година по Христа, кога Македонското египетско царство на Птоломеидите влегло во состав на Римската држава.

Улогата на Кралксата македонска академија на Птоломејците, Музејот и на Библиотеката

Како и другите автори на современите истражувања, сметаме дека „македонизмот“ започнува со Филип II (359-336) сè до падот на последната голема македонска монархија на Клеопатра под римска власт, т.е. 30 години по Христа, кога Октавијан го покорил Египет или траел вкупно 329 години. Меѓутоа, се поставува прашање дали оваа година може да се земе и како крај на македонистичката култура, бидејќи се смета дека дека културата на Римското и Византиското Царство претставува продолжение на македонската култура, бидејќи големиот војсководец ширум својата империја основал повеќе од 33 градови под името Александрија. Ќе го анализираме придонесот кон македонизмот на само еден, единствен град. Меѓу нив, секако, најзначајна е египетската Александрија, чиј реализатор бил Динокрит, кој на Александар му се претставил со зборовите: „Јас сум архитект Динокрит, Македонец, ти носам планови и нацрти достојни на Твојата слава“. Тоа Динокрит и го остварил.

190-3

Крај Александрија, изѕидан е монументалниот и прекрасен Александриски светилник, висок 110 м, на островото Фар, кој претставува „прататко на сите светилници“, чиј пламен можел да се види на оддалеченост од 60 км и бил „Седмо светско чудо“. Следи Александровиот музеј  и библиотеката, кои биле Александрова идеја за култувизација на науките.13 Музејот бил изграден за време на македонскиот крал Птоломеј А. Лагу, во ранг на Кралската македонска академија истоветна на онаа во Македонија. Во оваа институција, на учителите, студентите и истражувачите им биле обезбедени сите средства за живот и непречена работа на сметка на кралот. Најугледна личност во културните кругови на градот, библиотекар и член на Музејот бил Калимах (310-235 година пред Христа), син на кралот на Кирена во Либија, Бат (Vattos), потомок на Минијците од Тимок. 

13  Wilken, 1988, 329.

Рановиħ,14 цитирајќи од Cambridge Ancient History, тврди дека Александар Македонски и неговата библиотека од Александрија, допринеле кон ширењето на будизмот во Индија преку царството на Ашока. Имено, моќното македонско-индиско царство на Магадха дошло до врвот на своето владеење за време на царот Ашока (274-237 година пред Христа). Тој ја започнал ерата на будистичката мисионерска активност, која имала далекусежни последици во Централна Азија и на Далечниот Исток. Бидејќи го покорил кралството на Калинг (денешната идинска држава Орис), се откажал од воените активности и се посветил на мирот и науката. Името Калинг и натму опстојува во името „Награда Калинг“ која УНЕСКО од 1951 година секоја година ја доделува за придонес и популаризација на науките. 

14  Рановиħ, А.: Ellinistiki epohi, Mpayron, с. 78, Athinai, 1983.

Продолжува

Пишуваат:

1slave 3 АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И

1slave 3СЛАВЕ КАТИН