ДВОЈАЗИЧНОСТА,  РЕЛИГИЈАТА И СИМБОЛОТ НА АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИТЕ

Ристо Стефов (Crhis Stefou) во книгата History of the Macedonian People from Ancient Times to the Present30 изнесува интересни резултати на современи истражувачи на полето на прото-словенскиот јазик. Така на пример, ја наведува публикацијата на Амброзич Антоние „Adieu to Britany“ (a transcription and translation of Venetic passages and toponyms)31 каде се изнесуваат резултати од декодирани антички епиграми од локалитетот Дура Еуропос во Сирија. Дура Еуропос бил пограничен град во Сириската пустина, крај Еуфрат, основан од страна на македонскиот генерал Селеук Некатор (312-280 година пред Христа).

30  Chris Stefou, History of the Macedonian People from Ancient Times to the Present, превод Македонска искра, 2008, Скопје

         31 Амброзич Антоние, Adieu to Britany – a transcription and translation of Venetic passages and toponyms, Торонто: Cythera Press, 1999.

Околу 140 година пред Христа градот го освоиле номадски племиња од Партија, после нив Римјани, па Сасаните во 256 гоидна по Христа, кои и го разрушиле. Археолошките истражувања откриле многубројни гробни плочи и други човечки артефакти на различни места на римската тврдина Дура Еуропс покрај реката Еуфрат, со натписи посветени на божицата Митра (Голема Мајка – Мегали Матера, магна Матер) на венетски јазик. Големата Мајка е врховно женско божество, почитувана под различни имиња на Балканот, Италија, Медитеранот, Мала Азија и на Блискиот Исток. Според Херодот32 „Венетите се илирско племе“… „земјата им се протега до Енет на Јадранот“. Амброзич го дешифрирал пасусот кој што е најден на еден релјеф на Митра, во храм кој се наоѓал во должина на одбранбените линии на Римјаните во Дура Еуропос.

32  Херодот, Историја, I, 196, V, 9, Матица Српска, Београд, 1988.

Транскрипцијата која е означена со XXXXIV на словенечки јазик гласи: DI MI HRANET TO JESEN ZHENO H JO SDRAJE JA JE I RASIA RIBOLEUIS…“AT JE“ /?/ GOSTOJEDOT ON JE TOJI DE I TE ROJ /VAR/ J! Англискиот превод е:  “May you save my wife in the fall so that she is healthy and that the fishermen grows… “AT ЈE” /?/ Guestfood/ he is yours. May heaven also protect  you”.

Во наш превод, тоа би било: „Помогни, Боже, мојата жена во есен да остане здрава и мојот рибар дa порасне.“ АТ ЈЕ“ /?/ гостинската храна / е и твоја. Нека и тебе небото те штити.“

Не е никаква енигма дека Александар Македонски и неговите генерали и офицери говореле и на својот македонски прото-словенски јазик. Тоа го потврдува и Плутарх33 во делот каде се опишува големиот конфликт на Александар со неговите војводи и миленикот Клито (Kleitos): „… Не можејќи веќе да го спречи својот гнев… Александар фрли едно од јаболките што биле на масата и го погоди Клито, па почна да го бара својот бодеж. Но, бидејќи еден од телохранителите, Аристофан, успеа претходно да го тргне бодежот, останатите го опколија и молеја, тој, скокнувајќи, почна да говори гласно, довикувајќи ги македонските хипасписти (а тоа било знак на голема вознемиреност) и му нареди на трубачот да труби…“     

33 Плутарх, Vitae parallelae  (прев. Успоредни животописи), III, 51, Загреб, 1988.

Следната аргументација за двојазичноста на античките Македонци се книгите на сенторот Крутиј Руф (Quintus Curtius Rufus, околу 50 година по Христа), во неговото дело за Александар Македонски-Велики (Historiae Alexandri Magni Macedonis) во десет книги.

Тие книги се пишувани според Клитарховите (Kleitarchos) извори, околу 300 година пред Христа. Клитарх бил син на историчарот Дионон кој ги поставил темелите на подоцнежното создавање легенди. Интересни се, за ова разгледување, податоците што Куртиј Руф ги дава во IX книга во врска со судскиот процес против Парменионовиот син Филота, кој, според Плутарх, бил Александров пријател од детството и заповедал со коњаницата од придружбата.

Авторот изнесува дека во есента во 330 година пред Христа во главниот град Дрангиен, кој подоцна се викал Продосиј (поради откриената завера против Александар), Филота бил осомничен како главен учесник и изведен бил пред суд поради велепредавство. Судењето било јавно пред Собранието на македонската војска која била компетентна за процесите на велепредавство. За време на судењето, македонскиот цар го прашал Филота гласно, за сите пристутни да слушнат:

„Сега тебе ќе ти судат Македонци, па те прашувам дали ќе им се обратиш на својот мајчин јазик.“ Тој одговорил дека ќе говори на „коине јазикот“ кој бил официјален јазик во Македонската империја. Александар реплицирал: „Очигледно е дека Филота се гнаси од својот мајчин јазик.“ 

Двојазичноста на Македонците

Од овие анализи произлегува дека античките Македонци биле билингвални. Од своите митолошки, еолски претци, го наследиле јазикот од палеобалканската, панонска глосологија, кој што станал и опстанал како официјален јазик на нивното кралевство, а подоцна и на нивната империја. Тој свој голем подем доживеал за време на епохата на македонизмот. Истовремено, Македонците го наследиле и својот етноним – Македонци.

1hero1

Од своите скитски-протословенски претци го наследиле својот словенски јазик, кој бил народен јазик на античките Македонци, како и на соседните скитски племиња на Балканот, сė до Пелопонез, како и на оние помеѓу Јадран и Егеј.

Овие две лингвистички компоненти им го создале на Македонците новиот, побогат и современ Александров „коине“ – народен македонски јазик. Благодарение на библиотеката во Александрија, на Аристотел во Македонија и Атина, како и на библиотеката во Пергам, македонскиот јазик станал светски јазик на комуницирање во дипломатијата, политиката, економијата и науката каде е сочуван сė до ден-денес.

Античките Македонци, покрај добрата државна организација, богата економија и одлична војска, имале и силно оружје во својот јазик, особено за време на кралевите Филип II и Александар Македонски. Тоа довело до центализација на власта и интеграција на функциите, што довело до остро изразување и полемика од страна на Атињанинот Демостен (384-322 година пред Христа) во неговите „Филипики“. Демостен говорел: „Филип Македонски е, истовремено, и војсководец, благајник, политичар и дипломат, ама, никогаш никој така не ја зоврел Европа како Аминтиновиот син.“

Многу години подоцна, претседателот на Археолошкото друштво во Атина, г-дин Јаковакис Ризос Нерулос, во својот говор на Акропол на 21 мај 1841 година, рекол: „Филип ја победи Грција во Херонеја, ама стори и нешто друго, посмртно од оваа победа, го создаде Александар.“34

34 Цитат: Lithoksoou, D., Symmiktos Laos, Mpatavia, Thessaloniki, 2005; певод: Аз-Буки, Скопје, 2005.

Литоксоу, во своите натамошни истражувања, во поглавјето „Национализам и националниот мит кај денешните Хелени“, ги опишува долгогодишните научни, историски и лингвистички резултати на професорот Фалмереер на тлото на тогашната Хелада. Имено, Jakob Phillipp Fallmerayer (1790-1861) бил професор по светска историја и класични јазики во лицеј во Минхен. Тој, во три наврати, престојувал во Атина, првиот пат во 1833, па во 1842 и 1847 година и врз основа на своите наоди објавил неколку книги. Во истите, Фалмереер поразот на Грците во Херонеја (338 година пред Христа) ја смета како смртоносна рана, потоа следи рушењето на Коринт (146 година пред Христа) од Римјаните, нападот на кралот на Западните Готи, Аларих (400-401) и на крај војните на Византија против старата религија, сето тоа придонело за политичка и културна смрт на античка Грција.

За да го докаже своето мислење, Фалмереер користи византиски извори и смета дека најголем број словенски топоними во сите области на тогашна Грција се остаток од нивното словенизирање, но и доказ за постоењето на Словени кај нив. Овие свои тврдења, Фалмереер особено ги истакнува во „Летописот за Монемвасил“. Монемвасил – „со еден пристап“, бил утврден град уште во 582/583 година по Христа, на југоисточните брегови на Пелопонез, а се споменува во „Монемвасилската хроника“ од втората половина на X век по Христа, која известува за правилата на Словените на Пелопонез од крајот на VI до почетокот на IX век.35 

35  Острогорски, Г.: Историја Византије, с. 158, Просвета, Београд, 1969.

Религијата на античките Македонци

Во аргеадската Македонска династија религијата имала големо значење и во приватниот и во јавниот живот. Македонските племиња, заедно со своите еолски соплеменици од праисториските Борејци и Хиперборејци, своите богови од хидролошкиот систем на Дунав ги сместиле на својата најголема планина Олимп, што на нивнот јазик значи „многу опеани“. Во тие виртуелни височини на 2917 метри надморска височина нивниот бог на боговите Зевс (Dios-Дан-Дунав) владеел суверено во кругот на своето семејство од олимписки богови: Хад, Хера, Посејдон, Ареј, Аполон, Артемида, Хестија, Хефест, Деметра, итн. Од македонскиот Олимп, Зевс севал молњи, праќал громови, ветрови, олуи и снегови. Олимпијците ги развеселуваат нижи божества и нимфите Пиериди и ги хранат со нектар и амброзија за да бидат долговечни и млади.

Строго религиозни, античките Македонци целата планинска област помеѓу Термајскиот залив на Егеј и реката Халиакмон (Бистрица) ја нарекле Пиерија, што на нивниот јазик значи „Света гора“. Во чест на своите богови, соѕидале многубројни градови, како што се Дион, Хераклеион и други, а тука ги погребувале и своите кралеви од Македон, Пиер, Еагар, Орфеј, сė до Флип II, чиј гроб бил откриен во Вергина (Кутлеш) во 1969 година.

Грчкиот историчар Папаставроу,36 наведува дека античките Македонци, покрај Олимпијските богови, имале и свои посебни богови (веројатно прото-словенски?). Така, на пример, бог на војната се викал Фавло, божицата на дворовите Гига, божицата на ловот Газорија, на убавината Заирена, бог на светлината бил Ксант, бог на сонот Татое, на здравјето Дарон, на моќта и силата Арет, додека божица на огнот, водата и заштитничка на градот Воден се викала Веди.

36 Papastavrou, I.: Istoria tis Arhaias Ellados, p. 496, Hiotelli, Athinai, 1972

1hero2

Симболи на античките Македонци – Сонцето на златниот ковчег

Покрај митолошкото, во културата на античките Македонци било присутно и симбилично изразување во вид на амблеми и маскоти. Симболизмот на сонцето како универзален кралски знак кај Македонците е присутно уште од родоначалникот на Аргеадската македонска династија, кралот Пердика, околу 700 година пред Христа.

Тоа го потврдува и Херодот37 кога Пердика I во палатата на кралот на градот Лебеј… „со нож нацрта сончев зрак на куќниот под и, откако го нацрта, три пати зграби сончеви зраци во своето крило…“ Тоа го потврдил и арехологот Андроникос (1969-1985), кога во Вергина открил златен ковчег со злана интразија од надворешната страна од капакот – сонце со 16 златни прави зраци, како традиционален симбол на Аргеадската династија.        

37  Херодот, Историја, VIII, 137, Матица Српска, Београд, 1988.

Покрај сонцето и маскотата на лав била присутна во македонската хералдика, како спомен на „Лавот од Херонеја“, каде Филип II ги победил Атињаните, на 2 август 338 година пред Христа. Следи маскота на козја глава, бидејќи снежно белите кози со сребрени рогови му означиле на Пердика каде да ја основа својата престолнина Ега (козји или бел град – Белград).

Продолжува

Пишуваат:

1slave 2АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И

1slave 5СЛАВЕ КАТИН