Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, денес сме тука – пред Владата на Република Северна Македонија – без помпезност и без врева да му предадеме на премиерот, не една, туку две кутии со вакцини. Ако тоа не е доволно за неговиот владин кабинет, да го има и својот вицепремиер.
Можеби ќе го наречете иронија или пак цинизам, но тоа не е ништо во споредба со иронијата и цинизмот што оваа влада ни ги нуди секој ден. Додека сите балкански земји, освен Косово и Босна, продолжуваат со масовната вакцинација на населението, Заев станува со целиот свој кабинет, заедно и со среќниот Артан кој се сретнуваше со Вучиќ, за да примат мала кутија со вакцини. Сето ова се случува во времето кога Северна Македонија има најголема стапка на смртност во Европа од вирусот Ковид-19 и во времето кога нашиот здравствен систем едноставно пропадна. По цинично и по разочувачко од тоа не може да биде.
Затоа, ние – младите од Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива – денес сме тука за да им демонстрираме на овој начин како грижата, поточно негрижата, што оваа влада го покажува кон здравјето на своите граѓани. Не е добар сигнал за нас дека Србија ја исмева нашата земја со една кутија со вакцини, само за вината на инфериорниот и неспособниот премиер. Ако една кутија со вакцини е донација, ние ù даваме на оваа влада две кутии и ја завршуваме оваа работа. Уште повеќе, ние ќе му дадеме на премиерот посебна вакцина, за да не ги потроши тие од кутијата. Дури се погриживме оваа вакцина да му помогне на премиерот да стане свесен дека не треба да ги исмева граѓаните, а сме побарале вакцината да создаде имунизација и за измамата и лагата. Со среќа вакцината, премиере!