Пендаровски го прими вршителот на должност во Амбасадата на Државата Катар

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими вршителот на должност во Амбасадата на Државата Катар во Република Северна Македонија, шеик Јасим бин Хамад Ал-Тани.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, беа разменети мислења за текот и динамиката во развојот на билатералните односи меѓу двете земји и беше реафирмиран интересот за натамошно унапредување на односите со Катар во сите сфери од заеднички интерес. Во таа насока, беа разгледани можностите за искористување на економските потенцијали со кои располагаат двете земји, интензивирање на бизнис релациите и можноста за реализација на странски инвестиции во земјава.

Претседателот Пендаровски, како што се наведува, ја посочи потребата од унапредување на договорната рамка и заокружување на билатералните договори за соработка, како и неопходноста од натамошно олеснување на визниот режим.

Шефот на државата Пендаровски и вршителот на должност, шеик Јасим бин Хамад Ал-Тани разменија мислења и за предизвиците кои произлегуваат од справувањето со пандемијата на КОВИД-19, како и за последиците од актуелната состојба на глобално ниво. Претседателот Пендаровски изрази благодарност за донацијата од Државата Катар во справувањето со КОВИД-19 и изрази очекување за натамошна соработка во областа на здравството.

 

One thought on “Пендаровски го прими вршителот на должност во Амбасадата на Државата Катар

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *