Бугарски дописник за „Њујорк Тајмс“ во 1903 пишувал за Гоце Делчев како Македонец и македонски лидер

Американскиот весник  „Њујорк Тајмс“ на 26 мај 1903-та година објавил вест од бугарски дописник во врска со смртта на Гоце Делчев во која го именува како Македонец и како македонски лидер.

Бугарскиот дописник за весникот јавува дека Гоце Делчев имал 32 години и бил школски учител кој развил организација на целата територија на Македонија, пренесува Канал 5.

Во веста пишува дека Гоце Делчев со уште неколку свои придружници бил во селото Баница во близина на Серeс и дека биле предадени од грчки шпион.

Откако турската војска го опколила селото, Гоце Делчев и сите негови придружници биле убиени, се наведува во написот на „Њујорк Тајмс“ од 26 мај 1903.