Промоција на графичкиот роман „Олимпискиот сон“

Издавачката куќа „Бункер“ вечер во МКЦ Клуб и ресторан ќе го промовира графичкиот роман „Олимпискиот сон“ од Рајнхард Клајст, преведен на македонски и на албански јазик.

„Олимпискиот сон“ ја раскажува животната приказна на спринтерката од Сомалија, Самија Јусуф Омар, од заканата од екстремните исламисти според кои жените не треба да се занимаваат со спорт во нејзината земја. Го слди учеството на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година се до нејзината трагична смрт на 21 година во брод преполн со мигранти пред бреговите на Малта во Средоземното Море.

– Се надевам дека оваа книга праведно ќе ја отслика Самија, и дека нејзината приказна ќе ја подигне нашата свест за фактот дека зад вестите во медиумите за бегалската криза, прашање кое мора да биде адресирано, стојат судбини, а зад апстрактните бројки, човечки судбини, напиша авторот Рајнхард Клајст во предговорот на графичкиот роман

Клајст е еден од најистакнатите германски стрип автори од поновата генерација. Роден е во 1970 година и веќе има поголем број графички романи издадени од најреномиранте издавачки куќи во Германија.

Промотори на графичкиот роман во Скопје ќе бидат проф. д-р Кирил Темков и д-р Васил Тупурковски, претседател на Македонсиот олимписки комитет (МОК).