ОД НАТАН – СИНОТ НА ДАВИД – ДО ИЗРАЗОТ НОЌНА СТРАЖА – БИБЛИСКИ РЕЧНИК

Во ова продолжение за читателите на  порталот „Македонско сонце “ ќе претставиме дел од „Библискиот речник“, преку имињата, зборовите, изразите, називите,  лексикографските термини…: од пророк на дворот на Давид и Соломон – Натан, до изразот ноќна стража – која им била позната уште на Вавилонците, како поделба на времето ( 6 пати по два часа)

Натан -дал 1) син на Давмд (2 Цар 5,14); 2) пророк на дворот на Давид и Соломон. Го укорил Давид заради прељубата со Вирсавија и убиството на нејзиниот маж; му помогнал на Садок, кога Соломон бил помазан за цар. Живеел богоугоден живот и извршил влијание и на царевите и на обичниот народ (2Цар 12,1-25).

Натанаил – Божји дар; в. Бартоломеј.

Наука – учење, не во денешниот смисол како истражување, туку како учење дадено на човекот од Бога.

Наум – сожалив; пророк роден во Елкос, мало село во Галилеја (веројатно наречено Наумово село – Капернаум). Пророкувал за падот и проклетството на Нинива, главниот град на Асирија, рекол дека нејзиното рушење ќе се случи во скоро време, како праведна казна од Бога за расипаниот народ.

Наум – Книга на пророкот Наум– книга од СЗ, пишувана околу 613 г.пр.И.Х. Содржи краток запис во три глави, кој се однесува на разорувањето на Нинива (Ниневија).

Нахор -1) дедото на Авраам, Нахор иХаран (1 Мој 11,22-27); 2) внук на првиот Нахор и братучед на Авраам. Имал дванаесет синови, веројатно биле племенски поглавари во северна Месопотамија. Се смета за родоначалник на северните Семити и арамејските племиња {1 Мој 22,20-24).

Неапол(ис) – ,,нов град”, пристаниште, денешна Кавала. Апостол Павле ја посетил во текот на второто мисионерско патување (Дап 16,11).

 

Небо – според древните еврејски претстави за небото, тоа се состоело од повеќе катови. На третиот се наоѓал рајот (сп. со 2 Кор 12,2.4). Особено интересна и чудна претстава за небото дава Посланието до Ефесјаните: просторот меѓу небото и земјата еисполнет со демонски сили (поднебесја), непријатели на Бог и на луѓето. Христос кога се вознесе на небото ги совладал и заробил тие сили (Еф4.8-10;6,12).

Невеста – често користена метафора во Библијата за објаснување на односот меѓу Бог иЦрквата. Црквата е ,,невеста Христова”, а Христо се младоженецот (Еф 5,25; Откр 19,7).

Неемија (Немија) – Јахве утешува; Евреин кој стасал до висока положба како пехарник на персискиот двор кај царот Артаксеркс. Се вратил во Ерусалим во 444 пр.И.Х. и повторно го изградил градот за 52 дена. Во времето на неговата лоследна посета, во 432 г.пр.И.Х. мзвршил верска реформа. 

Неемиина книга – книга од СЗ, тесно е поврзана со одделни поглавја од книгата на Ездра и претставува своевиден нејзин продолжеток. Дел од раскажувањето е во прво лице еднина, а веројатно е дека се внесени делови од дневникот на Неемија.

Незнабошци (многубошци) – зборот се користи да ги означи сите народи освен Евреите, кои не го познавале вистинскиот Бог. Се користи овој израз зашто скоро сите древни народи имале повеќе богови и идоли што ги обожувале, и не верувале дека еврејскиот Бог е единствениот и дека Евреите се избран Божји народ (Ер 49,15). Но нивниот остаток, сепак, ќе се припои кон Божјиот народ (Ис 45,20).

Неман – угоден; војвода на сирискиот цар во Дамаск и непријател на Израел. Пророкот Елисеј го исцелил од лепра и тој Го прифатил израелскиот Бог за свој (4 Цар5;Лк4,27).

Нерон – окрутен римски цар, роден во 27 г, а владеел во периодот од 54-68 г.,кога извршил самоубиство. Во НЗ не се спомнува по име, но се спомнува како ќесар. Нему му апелирал апостолот Павле од Кесарија после сослушувањето пред намесниците Феликс иПорки Фест (Дап 25,11). На Нерон се мисли кога Павле ги пренесува поздравите на оние од „домот ќесаров” (Фил 4,22}. 

Нетинеи – служители во храмот кои вршеле скромни активности. Биле потомци на Гаваоњаните, кои Исус Навин ги претворил во робови (ИН9.23).

Нефталим – ,,борец”, родоначалник на едно од дванаесетте племиња на Израел. Бил вториот син на Билха, слугинката на Рахила и на Јаков (1 Мој 30,7).

Никодим – победник на народот на антицки грчки, фарисеј и член на Синедрионот (ЈвЗ,1.10). Билтаен ученик на Христос и му помогнал на Јосиф од Аритиматеја да го симнат телото на Исус од крстот и да го положат во гроб (Јв 19,38-42). Говорот на Исус на Никодим е првиот негов говор и според содржината е многу значаен, зашто зборува за најновото духовно раѓање како услов за спасение. Се водел ноќе пред крајот на првиот ден од празникот Пасха во Ерусалим (Јв 3,1-21).

Николај – еден од седумте ѓакони (Дап 6,5) во Ерусалимската црква.

Николаити – можно е да е една грчка форма на името Валаам и, всушност, алегорички да го окарактеризира поведението на една група христијани (Откр 2,6,15). Во таа смисла се спомнати и во 2 Пет 2,15 иЈуда 1,11.

Никополис – римски град во северозападна античка Грција, го основал царот Август во 31 г.пр.И.Х. Во него апостолот Павле поминал цела една зима (ТитЗ,12).

Нил – најдолгата река во Африка (6 470 км), која во СЗ се спомнува како „река” (2 Мој 2,3) или како ,,море” (Ез 32,2). Долината на Нил и околните пустини биле населенм илјадници години наназад и токму таму египетската цивилизација доживеала процвет. Преку Нил биле поврзани трговските патишта од Судан до Мала Азија, Сирија и античка Грција. Пролетните поплави, и тогаш, како и денес, го правеле земјиштето околу реката плодно, што бил услов за поволни природни услови за живот.

Нимрод – легендарна личност, познат како добар ловец и оснивач на царство (1 Мој 10,8-12). Бил пра-правнук на Ное и живеел во Вавилон.

Нинива (Ниневија) – главен град на Асирија во времето на Санхериб (Сенахерим), на реката Тигар, близу до денешниот град Мосул, во Месопотамија. Градот го посетил пророкот Јона (Јона 4,14), им проповедал на градските жители. Иако тоа го сторил многу неволно, тие се покајале м подоцна ќе бидат тужители на неверните Евреи – книжниците и фарисеите (Мт 12,41; Лк 11,32). Во 512.г.пр.И.Х.  Мидјаните и Вавилонците го разоруваат градот. За Израел претставувал симбол на непријателската сила и моќ.

Нисан – првиот месец од еврејската година, што била прифатена за време на вавилонското ропство. Пораио се викал ,,авив”, а одговара на делови на месеците март и април (Нем 2,1); в. Календар.

3cap

Римскиот град Никополис

Нов завет – 27 кратки книгм, што претставуваат канон на свети книги за христијаните, во кои се зборува за заветот (сојузот) склучен преку Исус Христос. Содржи 4 евангелија, Дела Апостолски (историја), 14 посланијана апостолот Павле, 7 соборни посланија и последната книга Откровение на апостолот Јован. НЗ е пишуван од повеќе автори – ап. Павле, Лука, Јован, Петар и др., во текот на најверојатно педесетина години и содржи извештаи за животот и делата на Господ Исус Христос додека бил на земјата, за почетокот на Црквата, како и за суштината на верата. Некои од авторите и лично Го запознале Исус, а некои пишувале врз основа на исказите на очевидците. И додека околу канонот на СЗ одредени христијански конфесии несе согласуваат во целост, со НЗ тоа не е случај – за сите христмјани во светот важи истиот новозаветен список на книги.

Нод (Наид) – изгнанство; област источно од Еден, во долината на реките Тигар и Еуфрат, каде побегнал Каин, откако го убил брата си Авел. Точната локација на местото не е позната (1 Мој 4,16).

Ное – починка, син на Ламех и потомок на Адам. Бил првиот лозар и е главниот лик во приказната за Потопот. Неговите три сина Хам, Сим (Сем) и Јафет се прародители на Ханаанците, Семитите и индоевропските народи (1 Мој 6-9). Ное бил праведен и ја послушал наредбата што му ја дал Бог, па изградил ковчег (Арка) во која сместил по еден или повеќе парови од разни животински видови и птици и сите заедно, со жена му и со семејствата на нивните синови го преживеале деветмесечниот потоп. Според библискиот извештај, човечката раса, како и животинските, продолжиле да се развиваат од нив. Интересно е дека извештаи за потопот има и во народните преданија од други народи.

Ноемина – пријатност, убавина; жената на Елимелех од Витлеем. Поради гладот што настапил во Јудеја, се отселиле во моавската земја. Таму Ноемина станала вдовица, но и починале и двајцата синови. Со својата снаа Рута се вратила во Витлеем и го договорила бракот меѓу Рута и богатиот земјопоседник Вооз. Подоцна била дадилка на нивниот син Овид, а тој пак е дедо на царот Давид(Рут1-4).

Ној (Но-Амон) – другото име за Теба (Тева), главниот град на древниот Египет. Пророците Еремија, Езекиел и Наум ги опоменувале жителите на градот да се откажат од идолатријата (Ер 46,25).

Носила – се правеле во вид на кревет (Ис 66,20).

Ноќна стража – им била позната уште на Вавилонците, како поделба на времето ( 6 пати по два часа). Во СЗ се спомнуваат три ноќни стражм (1 Мој 14,24; Суд7,19;1 Цар11,1). Во НЗ е прифатена поделба на четири ноќни стражи од потри часа (од 18 доб часот)(Мт 14,25; Мк 6,48; 13,35); в. Часови.

Продолжува 

Пишуваат:

1slave 7ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И

1slave 1СЛАВЕ КАТИН