Захариева: Подготвени сме да најдеме решение и да бидеме вистински членки на ЕУ

За Бугарија повеќе не се доволни само зборови, тука сака дела. Подготвени сме да работиме, да најдеме решение за надминување на оваа акумулирана недоверба и да бидеме вистински членки на европското семејство, изјави денеска бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева по разговорите со специјалниот претставник на македонската влада за Бугарија, Владо Бучковски.

– Ги продолжуваме разговорите за изнаоѓање решение за преостанатите билатерални прашања со Република Северна Македонија, како и изнаоѓање излез за патот на Македонија кон преговарачката рамка за нејзино членство во ЕУ. Погрешно е ова да се нарекува вето, бидејќи станува збор за неодобрување на преговарачката рамка. Ние сме во деликатна фаза од нашите односи, изјави Захариева на заедничката прес-конференција со Бучковски по нивната средба.

Захариева тврди дека Бугарија не ставила вето, зато што вчера на министерскиот совет, како што посочи, воопшто не се расправало за проширувањето. Бугарската позиција е јасна – бара гаранции за нејзините барања: исполнување на Договорот за добрососедство, патоказ за негово спроведување, декларација дека нема претензии за македонско малцинство и употреба на јазикот според Договорот од 2017 година. Тоа го нема во преговарачкара рамка и Бугарија не може да ја поддржи, вели Захариев

Истакна дека постои разочараност на двете страни, поради неодобрувањето на преговарачката рамка и повика работата на заедничката македонско-бугарска комисијата историски и образовни прашања да не се користи за политички цели.

Таа нагласи дека бугарската позиција за неодобрување на преговарачката рамка се должи на, како што рече, неспроведуваењето на Договорот за добрососедство од 2017 година.

– Ги предупредуваме нашите соседите за ова веќе година и половина. Тие се неколку работи. Блокирање и политизација на работата на Комиисијата за историски и образовни прашања, административни пречки за бугарскиот бизнис, неофицијална поддршка на поединци и организации со тврдења за посотење на македонско малцинство во Бугарија и недостиг на напредок, односно значително одложување на Коридорот 8, додаде Захариева.

Таа потенцира дека Скопје и Софија покажале оти може да имаат добра координација за време на копретседавањето со Берлинскиот процес и треба да се искористи тоа искуство за враќање на загубената доверба чекор по чекор и за „запрање деструктивниот пристап“.

– Видливо е до каде се стигна со антибугарската кампања, обидите да се дискредитира Бугарија во сите организации, тврдењето дека ставање вето или дека поради нас и Албанија ќе биде запрена и други невистинити работи. Секако ова не помага, но го попречува градењето доверба. Оваа стратегија е неприфатлива за нас, но исто така непродуктивна, убедена сум дека само добронамерниот пристап ќе доведе до надминување на акумулираната недоверба. Ние навистина ви пружиме рака да најдеме решенија кои се заемно прифатливи и трајни и да го отворите патот за нови односи, додаде Захариева.

Таа нагласи дека изградбата на довербата им дала сила на премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов да преговараата и да го потпишат Договорот за добрососедство.

– Се надевам, господине Бучковски, дека работите за кои разговаравме денеска ќе бидат вреднувани и ќе најдеме начин да го направиме заедно она што преостанува, истакна Захариева обраќајќи се кон Бучковски.

Според неа, да се ​​биде членка на ЕУ значи дека треба да се почитуваат склучените билатерални или мултилатерални договори.

– Кога сакате да станете членка на едно семејство, апсурдно е да сакате да се зачлените, а единствена задача е да ви биде дискредитирање на членовите на тоа семејство. Целта на проширувањето е да се направи ЕУ посилна, а не послаба, порача Захариева.