Денеска се пропушти шансата за усогласување на преговарачката рамка, следната е на состанокот на Советот за општи работи во декември. Никако не можеме да се откажеме, немаме алтернатива. Разговорите продолжуваат уште од денеска со цел да најдеме начин да ги надминеме овие разлики во рамки на позициите што ги има и ги прокламира државата, изјави вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи.
– За нас е важно да има меѓувладина конференција во декември, за да се исполнат предусловите за тоа имаме две можности. Едната е усогласување на рамката во ноември, втората е усогласување на рамката во декември, бидејќи има два совета за општи работи – едниот во ноември, едниот во декември. За жал, денеска се пропушти таа можност да се потврди европската приказна не само на државата, туку на целиот регион и мислам дека ова значително ќе влијае на кредибилитетот на ЕУ, изјави министерот Османи во гопстувањето на дневникот на Сител ТВ во коментарот за одлуката на Бугарија и официјално да стави вето на усогласувањето на преговарачката рамка за земјава на денешниот онлајн министерски состанок на ЕУ.
Според него, процесот на преговори е тежок процес, Бугарија треба да даде согласност не само за првата меѓувладина конференција, туку уште 130 пати во текот на преговорите се до полноправно членство. – И не само Република Бугарија, туку 27 земји членки. И ние мора да се навикнеме дека ова е тежок процес којшто бара макотрпна работа, умешност, дипломатија, бара комуникација, аргументирање за да се пробие патот до членство, вели шефот на дипломатијата.
– Општеството мора да навикне на тежината на процесот. Ние работиме овие три години за да стигнеме до можноста за одржување на меѓувладината кокнференција. И тоа ние сме свесни бидејќи бевме сведоци на тежината на тој процес, но никако не можеме да се откажеме, ние немаме алтернатива. Затоа ние продолжуваме уште од денеска, да пропуштена е едната шанса денеска, меѓутоа ја имаме втората шанса на 9 декември кога е Советот, бидејќи се уште има простор дококу има усогласување на рамката да има меѓувладина кокнференција во декември, што е за нас исклучително важно. Така да, разговорите продолжуваат уште од денеска со цел да најдеме начин да ги надминеме овие разлики во рамки на позициите што ги има и ги прокламира државата, вели Османи.
Тој истакна дека од почетокот на мандатот направено е се што можеше да се направи и во смисла на интензивирање на комуниакцијата, и во смисла на враќање на довербата во процесот, во договорот, во потврдување на инструментите коишто ги предвидува договорот..
– Повеќе и не можеше да се направи во овој период. Меѓутоа, сакам да кажам дека напротив воопшто не не депримираат ваквите одлуки, затоа што јас познавајќи го процесот сум свесен дека на вакви пречки и бариери ќе се соочиме се до денот на членство. Денеска е Бугарија, утре ќе биде друга земја, задутре ќе биде група на земји. Значи ова е напорна работа, меѓутоа ние имаме плебисцитарна одлука на граѓаните дека сакаат во ЕУ, нагласи Османи.
Според него, одговорноста е во одлуката на Бугарија да не ја помогне европската перспектива на регионот.
– Некој се обидува да ја најде причината за оваа, за мене ирационална одлука која пред се наштетува на бугарските стратешки интереси во регионот, меѓутоа постојат различни објаснувања. Некој става акцент на предизборната атмосфера, која што секогаш во секоја земја ги дефокусира политичарите во смисла на принципиелните ставови коишто треба да ги имаат, меѓутоа за нас секогаш ќе има некоја земја членка која што на момент на некоја од одлуките дали за прва меѓувладина, дали за отворање на едно поглавје или затворање ќе биде во предизборна атмсофера. Ќе има некакво објаснување, но тоа никако не смее нас коишто го водиме процесот да не депримира, рече шефот на дипломатијата.
Според него, имаше една пречка, но продолжуваат разговорите. – Мислам дека поостои простор, мислам дека Бугарија е свесна за штетата што ја направи денеска и за сопствената позиција и за нашите односи и за кередибилитетот на ЕУ. К редибилитетот на ЕУ се градеше со децении и инвестирано е премногу во тој кредибилитет за да може така лесно да се наруши. Мислам дека сега оваа ситуација ќе не доведе во позицији да можеме да рефлектираме сите за влогот и за последиците, рече Османи.
Тој гледа простор од дополнителни десет дена, нагласува и дека власите нема да престанат да работат. – Ние немаме алтернатива од ЕУ, ние немаме алтернатива од Договорот за добрососедство и за добрите односи со Република Бугарија. Веројатно нешто е вметнато сега во тие односи, веројатно и таа емоција, таа дневна политика , некои други прашања и интереси но на крај ќе сфатиме дека ова беше грешка и ќе мораме да ја корегираме, рече Османи.
Запрашан за детали за разговорите во Софија, Османи рече дека овие разговори мора да бидат зад затворени врати.
– Еве гледаме ситуација кога една држава во предизборна атмсофера политичарите секогаш во предизборен амбиент бараат внимание. Е тогаш се наштетува на процесот. Ние се разбира нема да донесеме ниту една одлука без притоа чинителите во државата тие што се извбрани да зборуваат во имена граѓаните да бидат информирани или граѓаните да бидат инофмирани. Меѓутоа разговорите, дневните разговори не смеат да бидат бидат киднапирани од дневно-политичките агенди кои сакаат на вакви и државни интереси да придобијат политички поени. Јас нема да бидам дел од таков фолклор, нема никогаш сам да се обидам да добијам политички поени, ниту пак да му овозможам некому да добие политички поени, истакна Османи.
Тој нагласи дека бугарската позиција не била целосно јасна, во однос на тоа што се сака по однос на историјата, по однос на јазикот, и веројатно и таму еволуира позицијата, но денеска, вели, Софија излегла со прецизни барања, а нагласи дека веќе има напредок по неколку прашања.
– Денеска поточно се прецизираа позициите на Република Бугарија по однос на нивните очекувања. Очигледно дека и пандемијата и изборите ја намалија комуникација. Наше е да разговараме отоврено за сите загрижености. Ние ги имаме нашите позиции. Мислам дека има простор да се разговара за одредени прашања коишто можеби се интерпретираат поинаку таму коишто може да им ја олесни перцепцијата на бугарската страна по однос на некои прашања и мислам дека тука можеме, имаме напредок. Веќе имаме напредок по неколку прашања и можеме дополнително да имаме напредок во наредните денови, рече Османи.
Според него, не постои план Б во однос на ЕУ и на добрососедските односи и намерата за пријателство и партнерство со Бугарија, со која сме партнери во НАТО. – Нема план Б по однос на Договорот за добрососедство и тоа мора да ни биде јасно, истакна Османи.
– Велам дека има разлики во очекувањата, има одредени предрасуди, има недоверба дека процесот гарантира успех. А кога има таква ситуација вие не ги менувате процесите, туку ги објаснувате процесите и затоа велам дека ние се наоѓаме во некој балон на емоциии, на дневна политика, на предрасуди кои треба да се разјаснат точно.
Процесот на преговори, нагласи шефот на диплоамтијата, не завршува со првата меѓувладина конференција, таа е само почеток на процесот, но потсети и на правилата на одлучување на ЕУ со консензус и нагласи дека тоа не значи дека ќе се направат компромиси спортивни на интересите на нашата држава.
– Затоа мора да навикнеме дека влегуваме во тежок пороцес на постигнување на консензус на 27 земји членки, меѓутоа целта на крај е тоа што на наекој начин ќе се исплати маката што ја поминува државата. Но се разбира тоа не значи дека ние ќе направиме компромиси кои се на штета на интересите на државата и на нејзините граѓани. Ова право ние да разговараме со Република Бугарија ние го црпиме од тоа што имаме мандатот од граѓаните. Ние зборуваме во името на граѓаните, ги имаме предвид позициите на граѓаните, меѓутоа ги имаме предвид и стратешките државни интереси и што е најдобро за оваа држава и за иднината на земјата, рече министерот Османи,
Тој потенцира дека немаме намера да бегаме од процесот на членство во ЕУ, ниту од пријателство со Бугарија.
– Тоа е патот, друг пат немаме. Меѓутоа треба умешно, паметно, храбро да најдеме начин како да се придвижиме, при тоа штитејкќи ги интересите на државата и на граѓаните. порача шефот на дипломатијата Османи.