Специјалните сили на македонската и бугарската армија договорија заеднички подготовки

Во рамките на Меморандумот за соработка меѓу армиите на Македонија и Бугарија, вчера во штабот на  68-та бригада на бугарските специјални армиски сили се одржа работилница за планирање на заедничките подготовки во 2018 година на силите за специјални операции на двете држави.

Како што е објавено на сајтот на Министерството за одбрана на Бугарија, главна тема во разговорите било одржувањето заеднички подготовки на специјалните сили на двете земји во мај оваа година.

На состанокот присуствувале и претставници на военото воздухопловство, Здружената оперативна команда и воената полиција.