Владата не е надлежна да утврдува недозволена медиумска концентрација

Владата на Република Македонија не е надлежна институција за да утврдува дали постои недозволена медиумска концентрација во оваа индустрија во земјава.

Ова е реакцијата на Владата по вчерашното соопштение од Македонската медиумска асоцијација (ММА).

Во него, ММА, во која членуваат Алсат-М, Алфа, Канал 5 , Сител и Телма, посочува дека е непријатно изненадена од настапите на кабелската телевизија ТВ 24 во континуитет, додека се води дебата за Законот за медиуми.

Од Владата, АВМУ и надлежните институции побара „да ја испитаат очигледната спрега на ТВ 24 и Телекабел и да постапат согласно позитивните законски прописи за нелегална концентрација на медиумскиот пазар“