Пецас: Ратификуваниот меѓународен договор не може да се промени

Кога еден меѓународен договор е ратификуван, не може да се смени, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг, одговарајќи на новинарско прашање во однос на изјава од грчки министер дека Грција, кога ќе ѝ се даде можност, ќе се потруди да ги промени деловите во Договорот од Преспа поврзани со националноста и јазикот, јави дописничката на МИА од Атина.

-Официјалната позиција на Владата е повеќепати изразена дека кога еден меѓународен договор е ратификуван, не може да се смени. Штом овој договор е ратификуван, произведува резултати, а она што ние гледаме, е да можеме да имаме доследно спроведување на договорот и како што многу пати имаме кажано и во рамките на билатералните контакти и во рамките на интегративните преговори, ќе направиме сѐ што е потребно за да се одрбаранат нашите интереси во процесот на отворањето или затворањето на поглавјата во преговорите, рече Пецас.