Американска донација за македонската полиција за справување со Ковид-19

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во кругот на Министерството ќе прими донација во опрема и средства за справување со Ковид-19 од амбадасадорка на САД во земјава, Кејт Мери Брнз.

САД досега во повеќе наврати донираа опрема, возила и средства за потребите на македонската полиција, меѓу кои и за Одделот за гранични работи и миграции и Секторот за криминалистичко разузнавање и анализа.