Во рамките на дводневна интензивна агенда, министерот за надворешни работи Бујар Османи се сретна со потпретседателката на Европската комисија одговорна за демократија и демографија, Дубравка Шуица. при што разговарале за текот на подготовките на Конференцијата за иднината на Европа и вклучувањето на земјите од Западен Балкан, како и за политиките на младите и спречувањето на одлив на квалификуван кадар во високо развиени земјите.
Како што соопшти МНР, потпретседателката Шуица го запозна Османи со плановите за Конференција за иднината на Европа што е еден од приоритетните проекти на Европската комисија кој треба да даде придонес за развојот на политиките на ЕУ на среден и долг рок со цел подобро да се одговори на предизвиците со кои ЕУ се соочува. Оваа конференција, се наведува, ќе претставува платформа која треба да ги поврзе европските граѓани, цивилното општество и европските институции со цел заеднички дискусии каква ЕУ сакаат европските граѓани и како да се управува со неа. Конференцијата за иднината на Европа ќе биде нов форум за отворена, инклузивна и транспарентна дебата.
Заеднички беше заклучено, се посочува, дека политиките на проширувањето на Унијата треба да продолжи паралелно со дискусиите за иднината на Европската унија и нејзините внатрешни реформи.
-Учеството на земјите од Западен Балкан на Конференцијата за иднината на Европа ќе биде заедничка придобивка и дополнително ќе ги зголеми напорите за градење политичка волја меѓу земјите-членки во напредокот со проширувањето кон Западен Балкан, нагласи Османи.
Министерот Османи ја запозна соговорничката со актуелната ЕУ агенда на земјата, како и мерките што ги презема Владата на Република Северна Македонија за подобрување на животните и работните услови со цел подобрување на социо-економскиот живот на земјата.
На оваа средба и претходеа средби на Османи со Андреас Шидер, претседавач со Мешовитиот парламентарен комитет помеѓу Република Север