Министерот Спасовски се сретна со Здружението „Клуб на генерали“

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се сретна со претставници на здружението „Клуб на генерали“, предводени од претседателот на здружението Мирослав Стојановски.

МВР соопшти дека претставниците на здружението во кое членуваат активни и поранешни генерали го запознале министерот Спасовски со програмските активности на здружението, кои главно се фокусирани на прашањата за безбедноста и одбраната, потенцирајќи дека своето искуство и стручно знаење од овие области го користат при креирањето на анализи и стратегиски документи за безбедносните и одбранбените прашања и потребите на државните институции за безбедност и одбрана.

Министерот Спасовски изразил подготвеност за натамошна соработка со клубот на генерали, потенцирајќи дека искуството и знаењето на членовите на ова здружение е добредојдено за реформите кои се во тек, односно за унапредување на целокупниот безбедносен систем на Република Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *