Македонското друштво „Илинден“-Тирана најостро ја осудува изјавата на бугарскиот вицепремиер и министер за одбpaна Красимир Каракачанов од 9 септември, во која вели дека Бугарија ќе ја блокира првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ, ако мешовитата комисија не постигне согласност за отворените историски прашања.
-Изјавата ја сметаме за дрска најава за блокада на преговорите на првата меѓувладина конференција на Македонија со Европската Унија доколку Македонија не го исполни Договорот од 1 август 2017 година за ревизија на македонската историја со епилог Македонците како Бугари, македонскиот јазик како дијалект на бугарскиот јазик, а Македонија како дел од Бугарија, стои во реакцијата на Македонското друштво „Илинден“-Тирана.
Оттаму посочуваат дека „Македонците во Албанија ги осудуваат софиската агресија, ревизионизот и иредентизом кон македонскиот народ и Македонија“.
– Македонците во Албанија го осудуваат софискиот наци-фашизам кон Македонија и Македонците во обидите за повампирување на руската креација на Санстефанска Бугарија од 3 март 1878 година, како неизживеана романса која никогаш не постоела, ниту кога и да е ќе се оствари, но претставува територијални претензии на Софија кон Македонија и отворена закана спротивна на добрососедските односи, се посочува во реакцијата.
Македонското друштво „Илинден“-Тирана, ја повикува интелектуалната и демократската јавност во Европа и светот најостро да ја отфрлат софиската агресија, ревизионизмот и иредентизмот за „повторна окупација врз Македонија и геноцид врз македонскиот народ“.
-Македонците и Македонија не смеат повеќе да бидат жртви на шарлатански партии и умноболни поединци во соседна Бугарија кои наместо мир и љубов шират омраза и војна, расизам и апартхејд врз Македонците во татковината и во светот! Македонците, како што не биле и не се, никогаш нема да бидат Бугари од Татарстан, Кина и Монголија, а ги охрабруваат сите во Бугарија да се вратат кон корените во мајка Македонија. Македонското друштво „Илинден“-Тирана ја осудува Владата во Софија за дискриминаторските, расистичките и наци-фашистичките барања за непостоење на македонскиот народ во целина, стои во реакцијата на македонско друштво „Илинден”-Тирана, потпишана до претседателот Никола Ѓурѓај .