Еко Герила бара правна одговорност од Југохром

Движењето Еко Герила од Тетово денеска на прес-конференција најави дека ќе покрене постапка за правна одговорност од страна на Југохром за загадувањето што со години го вршело во Полог и Полошко.

– Граѓаните од Полог и Полошко да иницираат правна одговорност од преставниците на Југохром, а за кои движењето ќе пружи и бесплатна правна помош, рече на денешната прес-конференција, Арианит Џафери од Еко Герила, која беше одржана заедно со движењето Мајка и Дете од Тетово.

Како застрашувачки доказ го наведоа бројот на заболени деца на возраст од нула до шест години со проблеми со дишењето, каде разликата е речиси двојно помала.

Во 2015 година, кога Југохром работеше оваа бројка изнесуваше 31.446 случаи, додека во 2017 година кога не работел се намалила на 18.578 случаи.

– Со фактите со кои располагаме мисијата на овие граѓански организации не завршува тука. Сега почнуваме со нова мисија, правна за граѓаните, чие што здравје е оштетено од страна на екоцид, предизвикан од оваа фабрика. Во соработка со адвокати, правници и експерти за заштита на животната средина ќе им помогнеме на сите оштетени граѓани со тужби за да ја надоместат предизвикана штетата. Истотака ќе поднесеме кривична пријава до обвинителот за оние кои ја дозволија и предизвикаа оваа бавна смрт на граѓаните на Тетово и пошироко. Ние сакаме да веруваме дека Обвинителството и судовите сега се во друга фаза и независни и ќе го почитуваат Уставот, за разлика од минатото кога беа заробени од страна на политиката и другите странки, нагласи Џафери.

Тој го спомена и градот Велес, кој порано се соочил со загадувањето, а кој последиците ги чуствува и денес.

– Последиците што денес ги има градот Велес, дури и по 15 години од затворањето на топилницата се видливи, почвата е загадена, а секако се присутни и негативните ефекти врз здравјето на граѓаните. Не сакаме истотот да се повтори во нашите градови. Им честитаме на МВР за покренатите кривични пријави во Битола, против поранешните директори на РЕК Битола, кои со своите постапки го загрозувале здравјето и животната средина на граѓаните. Истата одговорност треба да се бара и за загрозување на животот на луѓето во Полошкиот регион. Воздухот, водата, почвата и животот на граѓаните треба да бидат најважни и пред се, додаде Џафери.

Најави дека секоја нереализирана отштета кон граѓаните на Тетово за овој екоцид ќе има силен одговоро од здружението и ќе наиде на нулта толеранција.

Нулта толеранција, рече Арианит Джафери од Ецо Гуерилла, на денешната пресконференција што го држеа заедно со движењето Мајка и Дете од Тетово.