Повеќе од триесет компании се заинтересирани да купат плац од 300 до 500 квадратни метри за да изградат сопствени капацитети за развојна програма.
Ова го покажала анкетата направена од кавадаречката локална самоуправа. Се работи за фирми кои имат намера да инвестираат со цел да растат во средни и големи претпријатија.
Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев вели дека е во изработка Генерален урбанистички план и во него ќе се предвиди локална економска развојна зона.
Домашните инвеститори да можат да имаат субвенционирани цени на земјиште, комуналии и пристап до објекти.
– Ние мораме Локалниот економски развој да го развиваме со триесетина проценти наши фирми, да го избегнеме ризикот кој го носат одделни странски инвестиции, за да имаме подобар бизнис сектор на локално ниво. Странските инвестиции се добредојдени, тие се гиганти кои ги влечат и малите компании, но ние мораме да развиваме бизнис стратегија за општина Кавадарци, да имаме мерки кои ќе го поттикнат претприемаштвото, нагласува Јанчев.
Меѓу другото, тој најавува и Агро берза во Кавадарци.