Во ситуацијата во која се наоѓа македонскиот фудбал, кога на натпревар не можеч да видиш повеќе од 100 гледачи, еве уште еден куриозитет кој овој пат го подготви раководството на нашиот најпопуларен фудбалски клуб.
Имено, утре се игра првиот натпревар во рамките на четвртфиналето на националниот куп меѓу Вардар и Шкендија на “Арената Филип втори”. Поради тоа што ова е натпревар од висок ризик, на гостинските навивачи нема да им биде дозволен влез на арената. Ајде тоа, но поради истите причини, Вардар ќе продава влезници за таа средба, кој патем речено ќе чинат 100 денари, само два часа пред пошетокот на мечот, од 12 – 14 часот.
-Купувањето на влезници ќе биде овозможено само со покажување на документ за лична идентификација и тоа ќе може да се купи по една влезница- е само дел од соопштението на ФК Вардар.
Сите оние кои сакаат да ја следат средбата со својата сопруга, девојка, дете, или накусо, фамилијарно, веројатно ќе мораат да подготват “изводи од матичната книга на родени, венчани, умрени, црковни изводи или било какви други документи”.
Во режија на ФК “Вардар”, и не заборавете само два часа можете да купите билет.