ПОКЛОНЕНИЈА ПРЕД ГРОБОТ НА СВ. КИРИЛ ВО РИМ   

2.9.0

Во текот на значајното четврто поклонение на гробот на свети Кирил во Рим, митрополитот Кирил, срдечно ги поздрави присутните и притоа меѓу другото, рече:

„Со најголем пиетет и длабока молитва вчера се поклонивме прсд гробот на свeти Климент. Тој, заедио со своите соработници бил предвесник на духовна широчина и вистински екуменизам. Водеи од желбата ова поклонение да добие се’ пошироки размери и да му служи на екуменизмот, Светиот архиерејски синод на нашата Црква им се обрати со писмо на сите православни словенски цркви, оваа година да се направи заеднички молебен на гробот на свети Кирил. Тоа не се оствари, но ние веруваме дека во иднина и тоа ќе се прави”.

Завршувајќи го својот говор, митрополитот Кирил му подари на кардиналот Вилебрандс фреска со ликот на свети Климент  Римски (фреско-копија), чијшто оригинал е изработен 1295 година и се наоѓа во црквата „Св. Климент Охридски” во Охрид. Тоа беше подарок од поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот Доситеј и од Светиот архиерејски синод. На крајот на кардиналот Вилебрандс митрополитот Кирил му ја пренесе поканата од поглаварот на Македонската православна црква да ја посети Македонија.

Незаборавен ќе остане и приемот кај градоначалникот на Рим, каде што се водеа пријателски и срдечни разговори, а по завршувањето на разговорите на двете делегации им беа предадени спомен-плакети лично од градоначалникот, кој беше љубезен и на делегацијата и’ ги покажа сите знаменитости што се чуваат во Римската општина.

Потоа делегацијата беше примена од кардиналот Шепар во Конгрегацијата за вера, кадешто се водеа пријателски разговори. Во разговорот кардиналот Шепар рече:

„Ако некогаш ми се пружи прилика, сакам да ја посетам Македонија, особено Охрид и вредните христијански светињи во него и околу него. Сакам да го видам Скопје, градот што толку многу настрада за време на катастрофалниот земјотрес Ја следам неговата интензивна изградба и се радувам што така брзо се обновува и изградува”.

2.9.1

Ватикан

Исто така, делегацијата на Македонија го посети Понтификалниот ориентален институт и имаше разговори со професорите и ректорот, монсињор д-р Иван Жужек, кој запознавајќи ги гостите со организацијата на Институтот и со дејноста на професорите, меѓу другото, нагласи:

„Освен професорот Михал Лацко, сите сме од западен грегоријански обред но сите имаме ориентален ум. Без ова не би можеле да ја проучуваме духовната ризница на Источната црква. Имаме 34 професори, 51 редовни студенти над 80 слушатели. Студентите се од над триесет народности, половината се од Запад, а другите од Исток, меѓу кои има студенти од Либан, Грузија и Ерменија. Студентите ги подготвуваме, главно, за професори во богословиите, на богословските факултети, за црковни великодостојници, егуменски работници и научни работници”.

Делегацијата на Македонската православна црква го посети и Словачкиот богословски институт „Свети Кирил и Методиј”, во придружба на професорот Лацко, кадешто беше пречекана од ректорот, патер Срефан со професорите и учениците, пред кои митрополитот Кирил говореше за улогата на светите браќа за сето словенство. Истиот ден делегацијата го посети д-р Антонио Јерков, директор на „Релациони Мачедониа” и „Релациони религиозе”,  голем пријател на македонскиот народ, со кого се задржа во подолг разговор.

Во текот на „Деновите на македонската култура” во Рим беше отворена изложба на македонското народно творештво, која пред две години наиде на одличен прием во Париз. Изложбата ја подготви Етнолошкиот музеј од Скопје, а на неа беа прикажани 270 експонати од народното творештво: носии, везови, накит, кујунџиство, резба и грнчарство. Низ таа уметност, низ црниот и црвениот конец, како што пее поетот, изразена е маката и вербата на поробуваниот македонски народ во подобар и посреќен жинот.

Д-р Кирил Пепушлиски преку предавањето за студентите од Ориенталниот институт во Неапол направи преглед на богатството од форми и содржини на македонските песни, игри, обичаи, усното кажување и друго.

2.9.2

Танец

Со своите концерти во Рим, Неапол и Терачино, „Танец”, пак, најцелосно ја заокружи темата. Преку својата спектакуларност, на италијанската публика живо и’ го презентираше македонскиот бит и уметност низ која е проткаена и макотрпната историја на опстојување и себедокажување. Римските дневници настапите на „Танец” ги забележуваа како своевидно доживување за римската публика.

„Дсновите на македонската култура” во Рим се обединети и во една публикација, којашто се појавува секоја година, а во која се поместени животот и делото на светите Кирил и Методиј и нивното општословенско дело, како и текстови за македонското народно творештво.

На 23 април 1972 година охридскиот и македонскиот архиепископ господнн господин Доситеј го постави камен-темелникот на Соборниот храм во Скопје „Свети Климент Охридски”. Првиот прилог од 1.000.000 динари го даде неговото блаженство Доситеј. На значајната свеченост настапи хорот на Македонската православна богословнја „Свети Климент Охридски”. Во камен-темелникот беше поставена посебната повелба, потпишана од неговото блаженство архиелископот Доситеј и митрополитите.

На 30 септември и 1 октомври 1972 година во Охрид беше свечено одбележан петгодишниот јубилеј од автокефалноста на МПЦ. Чествувањето беше поврзано со празникот на седмочислениците: светите Кирил и Методиј, Климент и Наум, Сава, Горазд, Ангелариј.  Во црквата „Света Софија” беше одржана свечена духовна академија. Реферат поднесе неговото блаженство Доситеј.

Во врска со прославите на светите Кирил и Методиј треба да се одбележат следните настани. Имено, во 1972 година денот на словенските просветители и светители Кирил и Методиј, беше свечено одбележан во Перт, Австралија. На свечената академија за нивното дело говореше протоерејот Спасе Стефановски. Во програмата се вклучија и учениците од неделното училиште „11 Октомври”, со дела посветени на браќата св. Кирил и Методиј.

Потоа и Никифор Робовски во своето дело „Старословенскиот јазик и старословенската култура”, Македонија, август 1972, ги презентира чехословачките истражувања на средновековните словенски култури. Посебно го подвлекува трудот на д-р Анежка Видманова, која пишува: „Прв словенски литературен јазик на нашата територија станал македонскиот дијалект, близок на Константин…

Исто така и списание „Климентов збор” Торонто, 1972 година, кое беше орган на Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто и претставуваше продолжение на списанието „Духовна искра” што започна да излегува 1968 година, во кое со свои текстови учествуваше и авторот на овие редови Славе Катин.

Првиот број се однесува на периодот јануари-јуни 1972 година и е печатен на 48 страници, на среден формат, на македонски јазик со кирилица, а кратка содржина на текстовите е дадена на англиски јазик. Списанието се печатеше со извесни прекинувања во периодот од 1978 до 1988 година и претставуваше вистински гласник на активностите на доселеницн во најголемата македонска колонија – Торонто.

Исто така, Доне Илиевски со делото „Автокефалноста на Македонската православна црква”, Скопје 1972, даде заокружена целина на развојните правци на МПЦ. Тој започнува со христијанизацијата пред доаѓањето на Словените, за времето од нивното дефинитивно населување, посебно запирајќи го вниманието кон периодот од словенската писменост. Охридската архиепископија, од нејзиното формирање па се’ до нејзиното укинување, зазема заслужен третман. Потоа следат хронолошките развојни периоди, се’ до прогласувањето на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Продолжува

 6c

Пишува: СЛАВЕ  КАТИН